Dobra tema samo edno ne mi e jasno.Koj gi odreduva merkite i kolicinata?
Dali e toa na nacionalno nivo ili e odredeno vo ribolovnata osnova na sekoj revir posebno ili zavisi od koncesionerot?Istoto e i za period na zabrana poradi mrest....
Ako nekoj go ima spisokov koj go stavi Saso (a veruvam deka e oficijalen dokument) ke pomisli deka moze slobodno da faka linjak.
Секој ревир си има риболовна основа каде што се дефинирани минимални мерки, вкупна тежина, број на уловени примероци по вид на риба.
Разгледајте на прва страна, горе на менито (Езера, Реки), се што имаше по риболовните основи е извадено и ставено таму...
Еве ви пример
За Треска 1 и 2:
Вид на риба / Големина под која не смеат да се ловат
Пастрмка 30 см
Бела мрена 35 см
Црна мрена 15 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см
А еве за Треска 3:
Вид на риба / Големина под која не смеат да се ловат
Пастрмка 45 см
Крап 45 см
Бела мрена 35 см
Клен 30 см
Скобуст 25 см
Попадика 20 см
Црна мрена 15 см
Иста река, различен ревир, различна должина на пастрмка
Одиме понатаму:
Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовен ревир “Треска 1” се определлува на:
македонска пастрмка - до 2 (два) примероци
Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за риболовен ревир “Треска 1” не се определува. Тоа значи дека единственото ограничување е бројот на уловени примероци пастрмка. (м.з. не ни има друга риба)
Дозволениот дневен улов по видови риби за риболовните ревири “Треска 2” и “Треска 3” се определлува на:
Македонска пастрмка до 2 (два) примероци
Калифорниска пастрмка неограничено
Скобуст до 10 (десет) примероци
Клен до 10 (десет) примероци
Бела мрена до 5 (пет) примероци
Попадика до 25 (дваесетипет) примероци
А од друга страна:
Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за риболовен ревир “Треска 2” и “Треска 3” е до 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба, вкупната количина на улов по рекреативен риболовец, на ден не смее да биде поголема од 3 кг, а воедно и не смее да бидат надминати макималните ограничувања за бројот на уловени единки по видови.
Во вкупната количина до 3 кг. влегуваат и сите останати видовите на риба кои не се наведени во списокот (белвица, црна мрена, кркушка и др.).
За видот “сребрен карас” нема никакви ограничувања и може да се лови во сите должини и во неограничени количини.