www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Чет Maр 28, 2024 12:04 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 02, 2012 9:57 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 30, 2012 7:40 pm
МислењаCOLON583
ЛокацијаCOLONСкопје
Постојат многу начини за спремање на крап...јас ке ви презентирам како да испечете крап со многу малце труд и тоа можете да го сторите и на самото место каде ловите...
Ова го научив во Бугарија пред мноооогу години.
Ќе ископате дупка и ке запалите оган,кога ќе се направи добар жар го ставате крапот за печење...ама се пече на многу специфичен начин..преку устата...но ајде со ред
го отварате крапот со нож,го чистите само одвнатре,го премачкувате само со сол и вегета (крлушките не се чистат) и пробивате дупка од устата до стомакот,кога добро ќе го исчистите ќе го сошиете со конец и ја ширите устата со некоја железна жица (устата треба да е максимално отворена)...
го ставате во дупката со жар со главата надолу и ја затрпувате дупката со земја,главата на крапот е закопана во дупката а телото е исправено нагоре....самиот крап се пече преку устата,значи целата топлина од жарот,преку устата проаѓа низ целото тело...внимавајте крапот е готов кога ќе почнат да пукаат и да паѓаат крлушките...
поубаво печен крап немам јадено...

_________________
[ img ]
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 02, 2012 9:58 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Интересно делува :)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONСре Maј 02, 2012 10:08 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Sto nema da smislat komsiite... :lol:

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 03, 2012 12:24 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Treba li da ima otvor nekoj vo zemjata za zarot da ne izgasne brzo ili zatrupuvas i od otvorot na ustata na krapot si dise :D


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 03, 2012 12:55 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Крап на рибарски начин

За подготовка на ова јадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:

- 800 гр. Месо од крап
- 1 зелена пиперка
- 50 гр. Суви сливи
- 1 домат
- магдонос
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 40- тина минути.

Во една керамичка тава ставаме брашно во кое ќе ги валкаме парчињата крап. На даската за сечење парчињата крап ги посолуваме. Ги наросуваме со букова сол и со 2 лажички зачин Ц. Потоа ги зачинуваме со мелен црн пипер и ги ставаме во тавата со брашно.

Крап на рибарски начин

Во еден поголем длабок сад кршиме 2 јајца и ги матиме со жица за матење. Парчињата крап убаво ги валкаме во брашно а потоа во изматените јајца. Вака подготвените парчиња крап ги ставаме да се пржат во фритеза. Испржените парчиња риба гуи редиме на алуминиумска фолија. Врз парчињата риба редиме кругови од домат, кругови зелена пиперка и суви сливи. Парчињата риба ги завиткуваме убаво во фолијата и ги ставаме во тава за печење. Тавата ја ставаме да се пече во фурна на 1550 степени, 20- тина минути. Ја вадиме тавата од фурна и ја ставаме на работната маса. Ги вадиме парчињата крап на чинија за сервирање и ја отвораме фолијата.

Со тоа крапот на рибарски начин е подготвен.

Со ова јадење ви предлагаме црвено вино.

Добар апетит.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 03, 2012 12:55 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Крап на преспански начин

За подготовка на ова јадење потребни ви се следниве производи:

преспански крап од 2 кг.
150 гр. сланина
корен од целер
2 главици кромид
1 домат
200 гр. моркови
магдонос
маслиново масло
сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 90- тина минути
На оган ставаме една тава и во неа маслиново масло да се загрее. На даската за сечење го сечкаме кромидот и го собираме во еден сад. Потоа ги сечкаме морковите. Во тавата со загреано масло го ставаме кромидот, а потоа и морковите. На коцки го сечкаме коренот од целер и го собираме во еден сад. Содржината во тавата ја промешуваме и го додаваме исечканиот целер. И сланината ја сечкаме на парчиња, ја собираме во сад и ја додаваме во тавата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. На коцки го сечкаме доматот, а потоа половината од содржината во тавата ја вадиме во еден сад. Во тавата го додаваме сечканиот домат и промешуваме. Исчистениот крап го засекуваме на неколку места и го шпикуваме со парчиња сланина. Потоа крапот го полниме со претходно подготвениот фил во тавата. Додаваме и гранчиња магдонос. Земаме тава за печење и ја попрскуваме со маслиново масло. Потоа во тавата го додаваме филот кој претходно од тавата го извадивме во еден сад. На средината на тавата го ставаме полнетиот крап. Налеваме со бело вино и вода. Одозгора крапот уште еднаш го потураме со маслиново масло. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 60- тина минути на температура од 200 степени. Откако крапот е испечен ја вадиме тавата од рерна и ја ставаме на работната маса. Го вадиме крапот од тавата и го ставаме на чинија за сервирање риба. Околу крапот на чинијата го редиме и зеленчукот, а потоа со црпалка го преливаме со сосот во кој се подготвуваше. Крапот го декорираме со тенки кришки лимон, забодени во засеците и со гранчиња магдонос помеѓу нив.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете Македонско бело вино.

Добар апетит.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 03, 2012 1:01 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Полнет крап

За подготовка на ова јадење за 4 лица потребни ви се следниве производи:

- еден крап од 1 до 1,5 кгр.
- Магдонос
- 4 моркови
- 2 зелени пиперки
- 1 компир
- 2 домати
- 1 главица лук
- млад лук
- бело вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 50- тина минути.

На даската за сечење исчистениот крап го посолуваме и од внатрешната и од надворешната страна и го наросуваме со мелен црн пипер. Потоа крапот го засекуваме на неколку места, а во засецците ги редиме чешнињата лук. Потоа доматот го сечкаме на коцки, кои ги ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа на коцки ги сечкаме пиперките и ги додаваме во садот. На исти таакви коцки ги сечкаме морковите па и нив ги додаваме во садот. Младиот лук го сечкаме на парчиња и го додаваме во садот. На исти коцки како и останатиот зеленчук го сечкаме компирот, па и него го додаваме во садот. Зачинуваме со мелен црн пипер и посолуваме. Додаваме масло за јадење и со лажица целата содржина во садот убаво ја промешуваме.

Земаме една тава за печење, обложена со алуминиумска фолија и ја попрскуваме со масло за јадење. Крапот го полниме со содржината од садот и го затвораме со дрвени стапчиња за ражњичи. Вака подготвен го ставаме крапот во тавата за печење. Во тавата го ставаме и преостанатиот зеленчук. Додаваме масло за јадење и бело вино по што тавата со крапот ја ставаме во фурна да се пече. Печеме на температура од 150 степени, четириесетина минути. Тавата со испечениот крап ја вадиме од фурната и ја ставаме на работната маса. Ги отстрануваме стапчињата со кои беше затворен крапот. Крапот го вадиме од тавата и го ставаме на чинија за сервирање риба. Од едната страна на чинијата го редиме испечениот зеленчук од тавата, а под главата и опашката на крапот ставаме листови зелена салата. Еден лимон го засекуваме во форма на два цвета кои ги ставаме на двата краја на чинијата. Потоа еден лимон чија кора е засечена во форма на ленти го сечеме на тенки парчиња. Парчињата лимон скалесто ги редиме врз испечениот крап. Декорираме со прокељ. Правиме форми од варен морков со кои ја доукрасуваме чинијата. Врз кругот лимон ставаме гранче магдонос, а врз цветовите од лимон цветови од ротквица. Со тоа полнетиот крап е подготвен.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете црвено вино.

Добар апетит.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 03, 2012 1:02 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Столетов крап на младе. начин



За ваков вистински специјалитет потребни су вам следниве производи:

- Голем крап, во нашуиот случај од 7 килограми
За фил:
- 150 гр. свежи шампињони
- 3 главици кромид
- 6 чешниња лук
- 1 лимон
- китка магдонос
- 100гр. суво грозје
- 150 гр. јатки од ореви
- мајчина душичка
- 0,5 л. бело вино
- Маслиново масло
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е два и пол часа.

На големиот крап потребно е прво да му ја отстранити кожата. Тоа го правиме на следниот начин. Од опашката на грбната страна, спрема главата ја засекуваме кожата. Со нож, со сечење повторно од опашката спрема главата ја одстрануваме кожата од едната страна на крапот. Потоа крапот го превртуваме на другата страна и исто така со сечењето од опашката спрема главата во целост му ја одстрануваме кожата.

На крапот му ги одстрануваме шкргите. Крапот не го сечеме по стомакот, туку со другата страна на црпалката му ја вадиме внатрешноста и го миеме. Потоа со сатар на крапот му ја одстрануваме опашката. Подготвениот крап за филување го тргаме на страна.
Преминуваме на подготовка на фил. Во тава на оган додаваме маслиново масло. На даската за сечење кромидот ситно го сечкаме. Целиот исечкан кромид го додаваме во тавата на загреано масло. Додаваме уште малку маслиново масло. Со дрвена лажица мешаме се додека кромидот не омекне и добије жолта боја.
Потоа на даската за сечкање шапињоните ги сечкаме на покрупни парчиња. Ги оставаме во сад настрана. Лукот го чистиме. Кога кромидот ќе омекне ги додаваме шампињоните да се пржат. Потоа лукот ситно го сечкаме. И исечканиот лук го додаваме во тавата. Наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Целата содржина во тавата убаво ја промешуваме,
Потоа оревите со нож ситно ги сечкаме. Ги додаваме во тавата. Го исклучуваме огнот, а потоа магдоносот го сечкаме на крупни парчиња. Голем дел од исечканиот магдонос го додаваме во тавата, а останатиот ќе ни послужи за смеса со која ќе го премачкаме крапот од внатрешна страна.
Мајчината душичка ситно ја сечкаме. Потоа едно чешне лук го чистиме и со нож го гмечиме. Ситно го сечкаме, а потоа целата смеса ја ситниме и мешаме. Кората од лимонот ја рендаме на рендето и ја додаваме кон смесата. Наросуваме мелен црн пипер и уште еднаш целата смеса ја промешуваме и ја тргаме во сад на страна. Потоа во смесата додаваме маслиново масло. Со лажица цела смеса ја промешуваме. Кон филот во тавата додаваме суво грозје. Промешуваме и со тоа е филот подготвен.
Крапот го ставаме на даската и прво во внатрешноста ја додаваме смесата со која ќе ја премачкаме. Потоа со рака ја размачкуваме смесата по внатрешноста на крапот. Потоа, со подготвен фил, го полниме крапот.
Го ставаме крапот во длабока тава во која ќе го печеме. Убаво го посолуваме од надворешна страна. Крапот и тавата ги поливаме со маслиново масло. Со нож го засекуваме крапот на неколку места. Потоа наросуваме мелен црн пипер. Наливаме со 2 дл. бело вино и 2 дл. вода. Еве и еден практичен совет. За да не се залепи крапот за тавата, во неа ставаме 3 кујнски ножа. Убаво ги распоредуваме, а потоа крапот го местиме врз нив.
И крапот е подготвен за печење.
Крапот го печеме 2 часа на температура од 200 степени. Во текот на печењето крапот го поливаме со вино 2 до 3 пати, а по потреба додаваме и вода.
По 2 часа, крапот го вадиме од рерна и го ставаме на работната маса. Ја одлепуваме главата на крапот од тавата и внимателно за да остане рибата цела ја ставаме на чинија за сервирање риба. Потоа на даската за сечкање лимонот го сечеме на половина, а потоа и на кришки. Декорираме најпрвин со кришки лимон. Потоа со француски магдонос. И на крај повторно со кришки лимон.
Со тоа Столетов крап на Младенов начин е подготвен и му посакуваме добар апетит како на него, така и на останатите комшии. А за вас почитувани гледачи, топло ви го препорачуваме овој рецепт за утрешниот голем христијански празник.

Со ова јадење ви препорачуваме да се напиете Македонско бело вино.

Добар апетит.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 03, 2012 1:04 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Полски крап



За подготовка на ова јхадење за 6 лица потребни ви се следните производи:

- Крап од 1,5 кг.
- 200 гр. Кромид
- 250 гр. Моркови
- 2 лимона
- 50 гр. Путер
- 2 ловорови листа
- каранфилче
- 50 гр. шеќер
- јаболков оцет
- 2 дл. Пиво
- 2 дл. Вода
- масло за јхадење
- сол И црн пипер

Да го подготвите ова јадење ќе ви требаат околу 50 минути.

На исчистениот И со вода измијхен крап најхпрво му јха одстрануваме кожата. Тоа го правиме на следниот начин. Кожата јха засекуваме кај опашката. Со потег со нож од опашката кон главата на крапот лесно му се одстранува целата кожа. Истото го правиме И од другата страна. На крапот му ја одстрануваме главата. Потоа И горните И долните перки.

Потоа целиот крап го сечеме на кременадли со дебелина од околу 3 цантиметри. Опашката ја одстрануваме, а последниот дел го сечеме по должина на половина. Вака подготвено месо убаво го распоредуваме на даската за сечење Потоа го посолуваме прво од една страна. А потоа И од другата. Го наросуваме со мелен црн пипер исто така од двете страни. Вака подготвени парчиња риба ги редиме во еден сад настрана.

Потоа еден лимон го сечеме на пола. Во цедалка го цедиме цел лимон. Парчиња од риба ги прелеваме со сокот од лимон И вака подготвени ги оставаме во фрижидер да се маринираат 15 - тина минути.
Во меѓувреме, на даската за сечкање кромидот ситно го сечкаме. На оган ставаме подлабоко тенџере И во него ставаме путер да се растопи. Додаваме и малку масло за јхадење. Кога путерот ќе се растопи во тенџере ставаме ситно сечкан кромид да се пржи. Додека кромидот се пржИ, морковите ги рендаме на покрупната страна од рендето. Потоа ренданите моркови ги додаваме во тенџерето. Промешуваме со дрвена лажица И оставаме да се пржи. Додаваме И уште малку масло за јхадење. Промешуваме. Содржината во тенџерето јха посолуваме И наросуваме со црн пипер. Додаваме И 2 - 3 парчиња каранфилче. За цело време на пржењето содржината ја мешаме.

Ловоровите листови ги ситниме И ги додаваме во смесата. Во тенџерето налеваме И 1 дл. вода. Оставаме содржината да се динста. По 15 минути маринирање, садот со парчињата риба го вадиме од фрижидерот И го ставаме на работната маса. Керамичка сад во кој ќе ја печеме рибата, го попрскуваме со масло за јадење. Парчињата риба ги редиме во садот. Наливаме 1 дл вода и 2 дл. пиво. Вака подготвен садот го ставаме во рерна Печеме 30 - тина минути на температура од 180 степани.

По околу половина час ја вадиме испачената риба од рерна И ја ставаме на работната маса. Во тава на оган сипаме шеќер. Парчињата испечена риба ги вадиме од керамичкиот сад и ги редиме во чинијата. Во тавата со карамелизиран шеќер додаваме малку јаболков оцет И промешуваме. Во тавата додаваме од течноста во која се печеше рибата. Промешуваме шеќерот да се растопи.

Потоа во блендер го ставаме динстаниот и изладен кромид И морков. Во блендерот ја додаваме и содржината од тава. Промешуваме, И го уклучуваме блендер. Оставаме смесата убаво да се испасира. По кратко време го исклучуваме блендерот И испасираната смеса ја враќаме во тавата на оган. Промешуваме И додаваме малку вода. Потоа наросуваме малку црн пипер. Посолуваме И уште кратко мешаме за содржината да не загори.

На црвената зелка и го одстрануваме кочанот. Потоа на сечкалка, која што во нашите ресторани ја нарекуваат мандолина, ја сечкаме зелката. Исечканата зелка ја редиме на чинијата за послужување. На даската за сечење зелена салата ситно ја сечкаме. И исечканата салата ја редиме на чинијата. Како гарнир во чинијата ставаме од претходно сварените топчиња ауштекуван компир И морков. Една ротквичка ја сечкаме на листови, кои ги редиме врз зелена салата за повпечатлива декорација. Потоа на чинијата скалесто ги редиме парчињата испечена риба. Врз парчиња риба со црпалка налеваме од подготвениот сос. Овој рецепт ќе можете да го најдете во наредниот број на списанието Храна И вино што ќе излезе на 1. април.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете бело вино.

Добар апетит.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Крап на 1001 начин...
ТемаИспратеноCOLONЧет Maј 03, 2012 1:07 am 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Крап во бело вино


Подготовка

Крапот нека биде засечен на кременадли но не до крај од едната страна да останат прицврстени(во рибарница ако кажете за полнење знаат како да ви го исечат). Исчистениот крап го премачкувате во внатрешноста со сенф и од двете надворешни страни го полните со коцки путер, лимон, магдонос, лук,оригано, црн бибер и останати зачини. На надворешната страна ставате дополнително црн пипер, оригано и магдонос. Го преливате тавчето со бело вино и сос од домати. Ставате да се пече на загреана рерна од 200 Ц - 30 тина минути, потоа ја зголемувате температурата на 250 Ц и печете уште 15 тина минути. Може да сервирате со приготвен интегрален ориз. Остатокот од белото вино, измешан со стопениот путер,сосот од домати, може да го соберете во сад и да го служите како прелив.

Време на подготовка до: 60
Број на лица: 4
Kомплицираност: 3
Состав

1,5 кг крап,
2 лимони,
магдонос,
црн бибер,
оригано,
сенф,
лук,
1 путер,
1/2 л. бело вино,
сос од домати - 250 мл,
останати зачини чиј вкус го обожавате.


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 12»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 6 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum