Тенденцијата за подалечни исфрлања во крапскиот риболов доведува до појава на машинки со големи шпулни со кои се овозможува полесно одмотување на конецот од шпулната а и со едно завртување собираат повеќе од еден метар најлон со што и побрзо презафрлуваме.
Бидејки конецот во моментот на исфрлање не излегува во права линија од шпулната туку во една спирала чија што големина зависи од дијаметарот на шпулната, оваа појава при исфрлање доведува до удирање по бланкот на трската посебно изразен пред првиот водач но најлошото од целата работа е што многу често спиралата знае да се замота околу првиот водач и ако замотувањето е на почеток на исфрлувањето а ловиме и со потенок конец во повекетп случаи тоа доведува до кинење на линијата.
За да се избегне овој ефект зголемен е првиот водач на трските на 50мм со цел да го намали ефектот на спиралата на најлонот, удирањето на најлонот и слични несакани работи.
Инаку нема како да се избегне триењето на самиот конец при неговиот пат низ водачите, контактот со водачите е неизбежен затоа што најлонот не минува низ нив во права линија и така затегнат за да не е во контакт со водачите.
Искористив една моја снимка да во два случаја прикажам што се случува, во првиот спирала а во вториот спирала и обмотување на конецот околу првата карика.