www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Сеп 23, 2019 8:48 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 4 5 ELLIPSIS 132 »
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Нед Дек 05, 2010 5:27 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON 4638
ЛокацијаCOLON Skopje
Тука Лепи ќе ја прошири темата ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Пон Дек 06, 2010 10:45 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
Охридско Езеро !!! Многу работи знајте од географски и туристички Аспект, така да ќе почнам со онај нашиот Аспект, Рибата :)

Во ОЕ главни риби кои се ловат се Крапот, Мренката и Кленот, како што јас нагалено го викам Кленко :D а многу ретко се лови и Јагулата. Сега во зимскиот период во каналот „Студенчишта“ влегуваат големи јата Плашици и Грунци кои од шо немат шо друго да се ловит, тие стануваат главна „мета“ на рибарите. Пастрмката е забранета за лов, така да одпаѓа како потенцијален вид на риба за ловење!!!

Мора да напомнам дека во ОЕ за жал иако е забранета за лов, Охридската Пастрмка(нашата гордост) се лови без прекин цела година со Мрежи, и на некој начин по мое мислење Полицијата тоа го „толерира“, поради тоа што секојдневно рибокрадците слободно фрлаат мрежи ве секој дел од денот. Жалосно и Срамота за сите нас!!!

Ловењето на Крапот и Кленот можам да го прикажам како ловење во 2 фази:

1. Крапот најчесто го ловат после мрестот, најчесто со крма и на класичен начин на дубинка и од Септември па до почеток на зимата го ловат покрај трската кај кејот и на тапа и на дубинка.

2. Кленко се лови најповеќе за време на мрестот(на ОЕ не е забранет лов на Кленко за време на мрест) и после мрестот се повлекува во длабините па се лови од Кајче на подвижна тапа.

3. Мренката за време на мрестот и после али многу ретко по карпестите делови на крајбрежието

ОЕ е огромна водна површина, која е многу специфична за риболов, пошто после мрестот рибите се повлекуваат во длабините. Штета шо во 90тите, концесионерот на ОЕ + рибокрадците ја уништија/сотреа Пастрмката со познатите „Висечи Мрежи“ со кои секојдневно ги фрлаа и после уловот гордо се фалеа колку многу риби фатиле. А сега, остана ОЕ без највредното шо го поседуваше, Охридската Пастрмка.

Затоа дечки, чувајте ја природата и доколку видите рибокрдци најмалку шо може да напрајте е да се јавите полиција, па можда на некој од тие шо ќе им се јавите ќе им проработи конечно свеста ...

Голем Поздрав од мене и бујрумте Охрид на гости, барем Плашица за мезе и уз то и убо Вино имаме ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Вто Дек 07, 2010 1:20 am 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
Znam deka ne e zabranet lov na Klen za vreme na mrestot vo Ohrid, no zosto toa e taka ne mi e jasno voopsto.
Nemozam da si objasnam zosto se lovi bas vo toj period, posle se zalime nemalo riba od godina vo godina se pomalku.
Kako ke ja ima ako ne se izmresti na raat? :|

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Вто Дек 07, 2010 8:21 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
... од моја гледна точка ни една риба на светов не може да се излови со трска!!! Јас станав Рибар во времето кога живеев Германија и на тој дел од Европа не постои забрана за неколку видови риби: Клен, Црвеноперка, Црвеноока, Деверика, Костреш, Плашица и многу други ципринидни риби кои македонското име не му го знам. Причината е едноставна во тоа шо овие риби спаѓаат во групата на „експлозивно“ размножувачки и растечки видови и не спаѓаат во Стопанска вид кој се продава на пазарот, така да не можат да се изловат со спортски и рекреативен риболов.

На ОЕ нема заштита за време на мрестот заради еден вид заштита на Пастрмката. Но при наједноставна пресметка дека денот просек одат 100 рибари и да фати секој по 5 парчиња(шо нема шанси) испаѓаат 500 парчиња. А знајте ли колку се фаќат со Сачми??? Цела ноќ има околу 10 Сачмари, минимум, и секој ќе фати околу 100 до 200 парчиња. Да не ги спомнуваме и мрежите кои се фрлаат нон-стоп, кои полицијата ги „толерира“ ќе дојдеме до цифра од преку 4 до 5 тона дневно!!! Жалосно ... :cry:

Меѓутоа, сеуште Клен во ОЕ има во изобилство, но не мислам така дека ќе останит ако се продолжи со рибокрадството и полицијата не превземе некои поригорозни мерки. Ние од клубов повеќе пати се имаме јавено но никој од надлежните не реагирал енергично. Еве една снимка од Филип напраена на сред бел ден: Зарем треба чоек да се јавит или дирекно полицијата да го приведит.

http://www.youtube.com/watch?v=K6ynU-DcTzQ

Од нас трскарите немат гајле Кленко никаде на светов, а и нема чуено дека некаде го снемало :)

Само заштитата од рибокрадците е спас за секој вид на риба. Се додека свеста ни е на ниско ниво ќе се случуваат овие работи и понатака ...

Поздрав ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Вто Дек 07, 2010 9:02 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON 11609
ЛокацијаCOLON Скопје
Лепи, вреди ли викендов да се доаѓа натаму?
Тука све е поплавено во околина

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Сре Дек 08, 2010 9:05 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
Јас уште денеска сакам да влезам со Кајче и за оваа година да ставам крај со таканаречената „Кралска Дисциплина“ на ОЕ :D Ова го кажа еден мој пријател од Германија(мојот учител за на Риби) ми беше на гости и го однесов на Кленко со Кајче и после некое време ми викат: „ Абе Лепи, знајш ти дека ова е Кралска Дисциплина на рибарењето’ :lol: Толку слатко се изнасмеав а + на се и фати доста Кленковци и задоволен си ојде у Немачка :D

на снимкава е првиот Кленко шо го фати Мајстор Џакомино из Немачке :mrgreen:


http://www.youtube.com/watch?v=fT-g9FMfCmE



http://www.youtube.com/watch?v=fr-Wn-bshCw


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Чет Дек 09, 2010 9:45 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
... епа дечки добро беше вчера :mrgreen: Како за последно годинава со Кајче на ОЕ добро ја затворив сезоната :D

Денот беше прекрасен, Сонце, мирно Езеро а и Кленко се појави :mrgreen: Еве нешто од вчерашниот ден ...


[ img ]
Слика за No Comment

[ img ]
Најголемиот 2118 гр

[ img ]
истo Слика за No Comment :lol:

[ img ]
Вкупно беа 7 парчиња ;)

[ img ]
Американците велат WOW :o ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Пет Дек 10, 2010 12:39 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLON Вто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON 2186
ЛокацијаCOLON Скопје
BRAVO LEPI ubavi parcinja :)

Ajde sega nekoja informacija za amaterite kako mene ... na vezda? koja dlabocina 10-15m?
Na koj mamec, ima li potreba od krma?
Objasni ni ja malku taa "Kralska disciplina", ako moze :oops:

Znam od prilika, no nikogas ne sum bil na Klenko so kajce pa me interesira :)
Ova kako da e kaj Gorica Park nekade?


----------------

haha si go gledam postov se prasalnici ???? :roll: :lol:

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Пет Дек 10, 2010 3:05 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLON Чет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON 1985
Кленот, е најголем опуртунист, така да мојш да го ловиш на било кој мамец шо душата ќе ти го посакат. Немат кај него пребирање, јајт шо ќе му дојт пред уста :mrgreen: Иначе местото на ловење е скоро секаде каде шо имат класична „Вежда“ и доколку нагло пропаѓат не ти треба крма а ако е блага косината тогаш мојш нешто крма да фрлиш. Останатото е до секој риболовец како шо понатака ;)

Најдобар период за лов на Кленко е од Јуни до Октомври ...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ОХРИДСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLON Пет Дек 10, 2010 3:16 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLON Сре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON 11609
ЛокацијаCOLON Скопје
Ќе си ојш ти со кајче кј Канео, во правец на Струга, едно 200-300 м, па ушче 100-200 према средина на езеро, и че си фрлаш на дубинка (или 200-300 метри од граТска плажа), 15-18 метри длабина, со подвижно тапуле од 5-10 грама, мамец леб, пченка итн. Аку не јајт кленко, ќе јајт некоја писа на пченката :)

Јас друго место не знам, Лепи ги владејт, ама не ги откриват, сите охриѓанишча се исти, си ги чувет за себе :)

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON  Сортирај по  
Испрати нова тема  Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1 2 3 4 5 ELLIPSIS 132 »

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 1 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum