Пред неколку дена се претставив во делот за нови корисници, како што е редот сега, ќе се обидам на кратко да доловам некое мое искуство од деновиве.
Некој од членовите напиша дека ако нема риба на блинкер, ќе има убави слики од езерото
што значеше дека мора да фатам риба и да докажам овде дека сеуште има по нешто хехе. Бидејќи сеуште немам пермисии за делот каде што одат репортажите, ќе пишувам овде.
Ќе зборувам за лов на блинкер во Охридското езеро. На првиот блинкер не бев, дел поради неповолните временски услови, дел поради лошата организација, така и за овој риболовен ден, се беше во "пет до дванаесет" организирано. Саботата купивме дозволи, наполнивме едно фрижидерче со пива, јадење, опремата беше спремна, па
се позанимававме со останатите ситници, додека се спремивме комплет, дојде 2 сатот сабајле, а во 3:45 требаше да тргнуваме, време за спиење се немаше.
Тргнувањето ни беше темпирано за да на изгрејсонце веќе ги имаме пуштено блинкерите и да ловиме. Слушнавме дека некои рибари доста порано од нас се пуштиле. Се
додека не е добро разденето, постои ризик од заплеткување со останатите кајчиња, бидејќи не се гледа прст пред око, а и не знаеш колку долго е пуштено јажето
со "лопките " пред тебе. За да се избегне ова, најчесто повремено се осветлува наизменично кајчето, за да се сигнализира позицијата.
Најпрво да спомнам нешто за опремата што ја користевме.
Карактеристично беше што за прв пат пробувавме да ловиме на бамбусово стапче, а не на традиционалните рибарски стапови. Нешто е пократко од вообичаеното исто
и еластичноста е различна, па не знаевме дали ќе работи успешно, дали ќе дава знак на удар кога ќе има белвица. Еве слика од него. Што се однесува до конците,
традиционално никој не ги кажува мерите, па така ќе биде и со мене
Конеците беа 60ка со 30ка дебелина, блинкерите ги имавме во најкарактеристичните бои, сребрена за основа, во комбинација со дреч црвена, зелена и по некој жолт. Кепот за црпење на рибата, беше целосно Home made, карактеристично е што мрежата е плетена од дебел конец, за да не се качи блинкерчето кога се ваѓа рибата, да не се губи драгоцено време.
Конците ги имаве пуштено во 4:30, па до 7:30 извадовме 6 парчиња, еден клен од 400 грама и уште 5 белвици, еве слика од нив. Бевме задоволни од почетокот, желбата ни беше да фатиме барем една пастрмка во текот на денот
Следно до кај 11 сатот, ни се исполни желбата! Фативме пастрмка од 600 грама и уште една белвица. Изненадувачки беше тоа што удираа доста големи белвици, најголемата што ја фативме беше 600 грама, а просек по 450!
Имаше неколку кајчиња во нашиот дел, класично довикување и "искрено" кажување на ловот хахаха.
Многу битно е да кажам дека заборавивме чадор да си земеме
(( па затоа сега ќе се шетам како да сум се тетовирал.
После првите 5 сати лов, атмосверата ни беше одлична, Северина, Аца лукас и ладно пиво, се беше како подмачкано
)
Не можев да направам подобри слики, бидејќи бевме само 2ца и нон стоп бевме зафатени со работа. После 11 сатот, проработи и стапчето, на него имавме вкупно 4 удари, од кои 3 реализиравме, посебно ни беа драги, бидејќи мислам дека бевме први што ловеле на дрво од бамбус
( јас немам слушнато за други, можно е да имало... )
Накај 3 часот бевме веќе отепани од сонцето, нон стоп ваѓавме риба, крајниот резултат беше 1 клен од 400 грама, 1 пастрмка 600 грама и 20 белвици, вкупно уловена риба нешто над 8 кг. Одлично поминат ден, добар ни беше и уловот, еден конец исплеткавме, еден скинавме, доволно информации како за сефте репортажа овде на форумов
)
Рибите не ни беа баш добро средени во кајчето, која под душеме, која ваму таму и не успеав да ги сликам, кога се спуштивме ги ставив на трева да ги сликам, иако заборавив да ставам нешто друго за споредба на големината, да се гледа дека стварно добри парчиња се.
Уште истиот ден се организира вечера за да биде комплетно уживањето
Можеби нешто испуштив, но текстов почна да станува голем, нема крај хаха
Бистро