Дали легитимацијата важи една година од моментот кога сум ја извадил, или до крајот на секоја тековна година ?

Легитимацијата важи до крајот на годината, без разлика во кој месец сте ја извадиле легитимацијата, таа важи до крајот на тековната година, т.е до крајот на Декември. Токму затоа препорачливо е легитимација, т.е маркица за тековната година да се вади на почетокот на годината. Важноста на легитимацијата се гледа преку маркицата која се лепи од задната страна на легитимацијата.