Дали ако извадам легитимација преку едно здружение, може да ми прави проблем и да не ми издава дозвола некое друго здружение кое е концесинер на некоја вода ?

Не ! Такви проблеми се незаконски и тој концесионер треба да се пријави на Инспекторатот за земјоделие, шумарство и водостопансво - 0800 11 000. Легитимација е една и единствена во државата и таа важи на целата територија на Македонија, без разлика преку кое здружение е извадена. Секој имател на важечка легитимација за тековната година (без разлика преку кое здружение е извадена) има законско право да добие дозвола, а секој концесионер е законски обврзан да му издаде дозвола на тоа лице. Правењето на проблем од страна на концесионерот и неиздавање на дозвола може да го доведе до одзимање на концесијата.