Проект за едукација на младите за заштита на биолошката разновидност и зачувување на природата

340602 3228906571199 1522633539 3070283 1927447254 o 2

 

Здружението РИБАР 2011 во периодот од 1.6.2022 до 1.10.2022 година го имплементираше проектот „Едукација на младите за заштита на биолошката разновидност и зачувување на природата преку еколошки активности”. Истиот беше финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. Целта на проектот беше да се подобри заштитата на биолошката разновидност во реката Треска и да се зајакне концептот на младинско учество во еколошки активности. Во проектот беа спроведени 4 активности, во кои земаа учество членовите на нашето здружение, 20 млади еко активисти како и други спортско рекреативни риболовци. Во рамките на активностите беа поставени едукативно-информативни табли по течението на реката Треска под браната Матка(од каскада под м.в. Кула до брана Матка) во должина од 2 километри и беше спроведена еколошка акција за чистење и уредување на истата патека. Беше спроведена обука на 20 млади активисти, која имаше за цел да ги подобри знаењата на младите за значењето на биолошката разновидност и потребата од зачувување и унапредување на природата, како и да го зајакне интересот на младите за рекреативен риболов и заштита на речниот биодиверзитет (справување со рибокрадството).
Во септември беше спроведено порибување на реката Треска со подмладок од македонска пастрмка. Рибата беше набавена од овластен репроцентар. Со оваа активност во реката Треска беа пуштени 80 килограми мешан подмладок од 20-90 грама поточна пастрмка, со цел да се зголеми рибниот фонд во реката Треска и да се зачуваат и заштитат автохтоните видови риби во речните води.
За време на овој настан на присутните риболовци и рекреативци им се обрати проектниот координатор кој посочи дека целта на оваа активност е да го зачуваме овој автохтонен вид и дека со збогатување на риболовните води и подобрување на условите за риболов за сите нас здружението РИБАР 2011 ќе продолжи и во иднина. Меѓу другото најави и дека контролите ќе бидат постојани и зајакнати на порибените локации во наредниот период.

ЗРСРК РИБАР 2011 Скопје

Прегледано 177 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija