RIBAR.com.mk

RIBAR.com.mk

Администратор

URL на вебсајтот: http://www.ribar.com.mk
Среда, 07 Ноември 2018 11:11

Мавровско езеро 21.10.2018

Неколку часовен риболов на Мавровско езеро. Температурата 6 степени, но ветерот кој што дуваше даваше чувство дека е многу поладно. Локација кај Мавровска брана под рударот.
Додека се припремав за риболов во кутијата спремив три силиконски црви со флекси џиг глави од 5 грама.
За ветерот кој што беше прилично силен се покажа дека е малку па монтирав две глави од по 5 гр. за да може да се работи убаво со силиконот.

Додека не ги скинав сите три силикони имав удари откачувањаа па и едно кинењае на покрупен клен кој што скина најверојатно поради оштетен флуорокарбон од камењата и карпите на тој дел.
На крај удри и еден на кашика.

Понеделник, 05 Ноември 2018 08:21

Второ порибување на Лепенец со бела риба

Во петокот (02.11) додека една група порибуваше со пастрмка, друга група со наши активисти отидоа на езерцето да ја извадат и преостанатата риба. Се извади целата риба од езерцето, искрено не изненади количината која останала вчера, а од таму отидовме на Лепенец, каде што се најдовме со групата од Lepenecki ribarski muabeti и го порибивме Лепенец со приближно 300 (триста) килограми риба која се состоеше од бојник, клен, попадика, костреж и по некое крапче.
Благодарност до нашите активисти кои овозможија Лепенец да се пориби со речиси 400-тини килограми бела риба во само два дена.
Рибар 2011 ќе продолжи и во иднина со слични акции за збогатување на нашиот ревир со риба.
Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 05 Ноември 2018 08:09

Порибување на Треска со 100 кг пастрмка

Во петокот (02.11) во соработка со Град Скопје и Македонска Риболовна Федерација, извршивме порибување на ревирот Вардар 3 - Скопски со 100 кг поголем подмладок и возрасни единки на македонска пастрмка. Дел од пастрмката е спремна и за мрест, па се надеваме дека зимово ќе се измрести за прв пат и во нашиот ревир.
Контролите ќе бидат постојани и зајакнати на порибените локации во наредниот период.
Продолжуваме со збогатување на риболовните води и подобрување на условите за риболов за сите нас.
Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 05 Ноември 2018 08:07

Прво порибување на Лепенец со бела риба

Во четвртокот (01.11) откако бевме известени дека малото езерце во парк ќе се празни и чисти, се собравме набрзинка и отидовме да ја спасиме преостанатата риба од езерцето.
Успеавме да извадиме поголем дел од рибата, бојници, кленови, попадики, кострежи и по некое крапче и карашче, ги натоваривме и иако Вардар ни беше на 200 метри, отидовме да ги пуштиме на Лепенец, сепак им должевме на риболовците од Лепенец едно порибување.
Пуштивме отприлика 80 кг риба, имаше и големи примероци и подмладок.
Благодарност до Драган и екипата од Lepenecki ribarski muabeti за помошта при истоварот на рибата и секако до членовите на Рибар 2011 кои се собраа за многу кратко време и помогнаа да се спаси поголемиот дел од рибата во езерцето.

Вторник, 30 Октомври 2018 08:16

Крапска дружба Паљурци 2018

Седејќи дома, а ме јаде црвот за риболов ама за пусто нигде нема консеции. Викам пак ке треба да се иде надвор од државата поради не азурност на институциите и немање консеција на повеќето води кај нас. Ми доаѓа една идеја да се направи една дружба на езеро Паљурци. Набрзина се договорив со Митко да ја пренесе идејата во неговото здружение. Наидовме на позитивно мислење кај двете здруженија и решивме да направиме една заедничка дружба Рибар 2011 и Костреш.
Полека почнавме со подготовки и јас отидов до кај нив на една вечер да го опипам теренот колку екипи би не собрало и да утанчиме детали. Заедно гледајки го теренот со Џони, Митко и Духот констатиравме дека езерото е подготвено на не повеке од 18 позиции. Го договоривме и останатиот дел и јас ја преземав обврската да ја објавам дружбата и бидам у контакт со екипите, а они теренски да го бележат и средат теренот.
На самото пријавување се пријавија повеке од 25 екипи од кој искочивме во пресрет на 24 екипи од причина дека ова беше дружба. Да беше вистински напревар ќе немаше повеке од 16 екипи, ама затоа напоменувам бидејки ова е дружба затоа се реши да се оди со 24 екипи. Боксовите беа долги 8 метра и одалечени 20 метра. Се извинувам уште еднаш ако некој боксови малце се вкрстуваа, се обидовме да делуваме колку што можевме да бидат добри за сите. Доколку некој има критики слободно нека пише. Само уште еднаш ќе напоменам дека ова беше дружба и дека веселењето и риболовот не идат баш заедно.

Така да дојде и денот 26-28.10.2018 се собравме сите си извлековме позиции некоја добра, некоја лоша, имаше и фаворитски па така дружбата започна како и што ја посакуваме.

Со шетање од бокс до бокс, со убави луге и уште поубави муабети едино што мене ми фалеше беше малце поголема активност на рибата барем за овие три дена , тек се активира во неделата кога дувна северот, може си има удел и самата галама на обала и од ракетите, секој си кроеше своја тактика како ке работи. Сакам да напоменам дека иако ми е една од омилените дициплини за крап ловењето зиг риг, јас лично не пробав ама имаше екипи кој пробаа иако крај на октомври нека им е алал. Јас слушав муабети каде сега зиг, па ова е дива вода и јас не се согласувам ама за ваков риболов и на ваква вода треба да имаш муда да го испробаш. Можеби со повеке дружби и ќе докаже некој дека и на ова езеро таа тактика работи.

За крај ќе оставам сликите да кажат сами за себе и уште еднаш ке се заблагодарам на сите присутни на дружбата, на моето здружение Рибар 2011 и довербата што ми ја пружија истата да ја потегнам и организираме , на колегите околу организацијата кој не можам без нив, и на домакините кои пружија и повеке од максимумот Костреш Богданци.
Благодарам до Акваспорт и Рибоцентар за симболичните награди и до гостилница Foodservice за прекрасните сендвичи.
Освоени места
1 Виница елит 10,390
2 4-ри крапџии мк 9,5
3 Миа екофиш 9,530
По боксови вака беше уловот
1. без улов
2 . 2,475
3 . 6,085
4. 3,440
5. без улов
6. 1,080
7. без улов
8, без улов
9. 4,200
10. 9,595
11 . без улов
12. 3,450
13. без улов
14. 9,250
15. 7,240
16. 10,390
17. 1,170
18. 1,310
19. без улов
20, 3,135
21. без улов
22. 9,530
23. без улов
24. 4,790
Вкупно 115 кг и најголема риба 4,605

Среда, 03 Октомври 2018 09:30

Затворање на сезона на Треска

Во саботата (пред забрана) бевме со Давор до Треска да се излуфитраме. Стигнавме рано сабајле, реката беше мала и како и секогаш бистра, активноста не беше којзнае колкава, се на се извадивме 7-8 пастрмчиња (сите беа вратени назад). Ловевме на потегот од брана до Мечкина дупка, најчесто ударите беа на блинкер (сребрен со црвени точки), а од воблери јадеше на ујки, робинсон и рапала (скоро сите зеленкасти шари). Како и да е, помина уште една сезона на Треска, да се надеваме дека реката ќе биде чувана од концесионерот и од нас рибарие (совесните) и ќе биде уште поатрактивна после мрестот. За крај некоја фотка.
Бистро

Понеделник, 01 Октомври 2018 14:02

Забрана за време на мрест на пастрмката

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека од денес на сила е забрана за риболов на пастрмка на Вардар 3 - Скопски. Забраната ќе трае до 31.01.2019 година.
На реката Треска има целосна забрана поради мрест на пастрмката, контролите ќе бидат зачестени, со присуство на државен инспектор, а сите кои ќе бидат затекнати како ловат, ќе добијат пријава/казна.
За мрежари и риболовци со недозволени средства за време на мрест законот предвидува и кривични пријави.
На Вардар и Лепенец риболовот е дозволен за сите видови риби, освен за пастрмка. Чуварите во текот на овие месеци ќе ги проверуваат и чуварките на риболовците, па затоа веднаш пуштајте ги случајно уловените пастрмки назад во вода.
Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 01 Октомври 2018 14:01

Забрана за време на мрест на пастрмката

Почитувани колеги,

Ве известуваме дека од денес на сила е забрана за риболов на пастрмка на Вардар 3 - Скопски. Забраната ќе трае до 31.01.2019 година.
На реката Треска има целосна забрана поради мрест на пастрмката, контролите ќе бидат зачестени, со присуство на државен инспектор, а сите кои ќе бидат затекнати како ловат, ќе добијат пријава/казна.
За мрежари и риболовци со недозволени средства за време на мрест законот предвидува и кривични пријави.
На Вардар и Лепенец риболовот е дозволен за сите видови риби, освен за пастрмка. Чуварите во текот на овие месеци ќе ги проверуваат и чуварките на риболовците, па затоа веднаш пуштајте ги случајно уловените пастрмки назад во вода.
Бистро и чесно на вода!

Понеделник, 24 Септември 2018 14:58

Мајсторот и мрените од Вардар

Погледнете го видеото со улов на две големи мрени (над 2 кг) на Вардар во Скопје . Мајсторот Џелал самоиницијативно ги врати двете мрени во вода, во присуство на членови-активисти на РИБАР 2011. За убавиот гест, тој ќе добие гратис годишна дозвола за 2019 година за Вардар, Лепенец и Треска.

Понеделник, 24 Септември 2018 07:50

Дел од контролите на Вардар 3 - Скопски

Во прилог е голема галерија од дел од досегашните контроли на Вардар, Треска и Лепенец.

Бистро и чесно на вода!

Страница 1 од 26

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija