Се што сакавте да знаете за флуорокарбонот

Се што сакавте да знаете за флуорокарбонот

Колку пати сме биле на риболов, а рибата воопшто да не сака да ни го погледне воблерот ?
Констатацијата ,, денес не и е ден ,, не смее да ,, држи вода,,.
Наместо неа треба да се запрашаме ,, правам ли нешто погрешнo,, ?
Лошо го презентирам воблерот, да не ми е копчата преголема, водата е бистра а јас можеби имам предебел конец па рибата го гледа ?
ЕЕЕ да имав невидлив конец или постои ли такво нешто ?
Постои нешто што се нарекува флуорокарбон. а што е тоа всушност во теоријата и праксата ќе видиме во следниов текст пренесен од еден риболовен часопис.
Далечната 1938 најлонот се појавува како потполно нов материјал и тоа како дел од четкичката за заби, создадено од американската фирма DuPont.

Скоро 30 годими подоцна, 1966, во Јапонија извесен г-дин Ishii, хемичар и г-дин Yoshido, риболовец утврдиле дека материјалот каков што е флуорокарбонот со извесни адаптации може одлично да послужи во риболовната индустрија. После три години експериментирање патентиран е fluocarbon или FC како сосема нова врста на конец во риболовниот свет. Сето тоа се случувало под закрилата на јапонската фирма Kureha која не само што ја започнала ерата на флуорокарбонот туку и ден денес е водечка во оваа сфера на риболовната индустрија.

Monofilament Fluorocarbon Fly Fishing Leader and Tippet

Се наметнува прашањето, зошто да го менувам обичниот монофил со флуорокарбон ?
Сите знаеме дека обичниот монофил има извесни мани.
Поприлично е растеглив додека ФК има осетно помала растегливост и од најкрутиот монофил.
Монофилот има помала специфична густина од ФК, па плива на водата додека ФК тоне. Ова има смисла при риболов со воблери кој пливаат или тонат или при риболов со лесни џигови или стримери а поготово кај мушичарењето со нимфи, мокри мушици, стримери.
Монофилот, колку и да не пие вода, ФК пие помалку. При некој истражувања, монофилот со време ослабнува и до 30 % баш заради неговото својство да впива вода. Тука треба да се спомене и мрзнењето на монофилот во зима додека кај ФК тоа е незначително.
Сигурно сме се запрашале дали монофилот што сме го купиле е ,, тазе ,, ? Тука ФК е во голема предност. Потполно е отпорен на УВ зраци, флуоросцентна или било каква друга светлина, како и на хемиски влијанија, што кај монофилите знаат да направат значителен недостаток.
Меѓутоа една од двете главни предности на ФК над монофилот е неговата отпорност на абразија, триење или абење. Многу потешко се оштетува при провлекување и триење од камења, низ потонати гранки, остри ивици па и заби од риба.. Тука треба да се спомене и неговата примена во спин риболовот како идеална комбинација на плетеница и предвез од флуокарбон.
Втората главна предност е неговата невидливост во вода. Овде би сакал јасно да кажам дека ФК не е целосно невидлив меѓутоа ,, скоро ,, е невидлив. Тука главната улога ја игра индексот на светлосното прекршување. Овој индекс на водата е 1,33, кај ФК е 1,42 а кај монофилот е 1,62. Не е целосно невидлив но далеку помалку се гледа од монофилот.

800.Tippet.P1020856
Како и секогаш, ништо не совршено, па така и ФК има мани.
ФК е покрут од монофилот. Оваа особина поред предностите што ги носи со себе ја има и маната на пократко зафрлување заради неговата крутост.
Исто така треба да се напомене дека носивоста на чворот кај ФК е помала него кај монофилот со иста дебелина. Но треба да се напомене и дека самите производители се свесни за ова па постојат ФК како ,, leader ,, (предвез) и ФК како ,, main line ,, ( главен конец ).
Основно е дека ФК како предвез е прилагоден за риболов на позахтевни терени, со потопени препреки. Се продаваат на калеми од 10, 25 или 50 м. Од друга страна ФК како главен конец е помек, има помалку меморија, има поголема носивост на чвор но и помала отпорност на абење. Се наоѓаат на калеми од 50 до 3.000 м.
На пазарот нема премногу од овој конец ( тука не мислам на нашиов пазар каде тешко или воопшто не се наоѓа).
туку и на светскиот. Најголема застапеност сепак има во Јапонија, како земја каде е и создаден и УСА како риболовци кој секогаш сакаат да пробаат се што е ново на пазарот и имаат голема финансиска моќ.
Поред веќе спомнатата Kureha ( првиот производител на ФК ) или на американскиот пазар позната како Seaguar, се повеќе брендови произведуваат ФК. Тука се американските Berkley, Sufix, Stren, па јапонските Toray, Varivas, Sunline, YGK, Yo-Zuri, Daiwa ..... а од европските. германските Maxima i Stroft.
Сега малку за цената.
Процесот на производство на ФК не е воопшто евтин, ни самите состојки од кој се прави не се евтини а уште помалку разните смоли како додатоци, па така и цената на ФК се движи од 10 па до 40 евра за калем од 100-150 м. меѓутоа треба да се земе предвид и дека ФК е мнаогу потраен од монофилот и поотпорен на надворешните услови без разлика дали се наоѓа намотан на шпулна или стои на некој рафт во продавница.
Едно треба да е јасно, ФК пружа перформанси кој монофилот не може ни да ги замисли, меѓутоа секој си е во можност сам да избира па според тоа и да решава кој и каков конец ќе намота на шпулната или ќе стави како предвез.

Прегледано 4906 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija