Сонце,ветер и риби.Три дена Калиманци...

Сонце,ветер и риби.Три дена Калиманци...

После неколку пропаднати излети на Калиманци поради временски неприлики, конечно се поклопија со коцки.
Ниво на вода екстра. Времето цела недела топло. Полна месечина :)

Среда 28.10. поручек намерно отидов на стемнување за де не ме гледаат тие што не треба индијанци.
Излегов на обала видов дека е добро за кампување, видов до каде се излезени останатите стари ѕидини од куќите и се беше како што замислував ЕКСТРА.. Разгледав со сонарот за секој случај да видам каде е точно ѕидот во вода.

1

Поставив еден маркер на 10м. длабочина и отприлика 50-60м далечина. Маркерот го ставив на некој 5-6метри од ѕидот. Тука и ловев со ризик за доста кинење, ама и повеќе риби.
Прихранив со 4кг. стара пченка кисната 5дена и после варена 4часа, нашминкана со бетаин и три вида амино :) и 2кг. боила 16мм, месен микс два типа една со арома монстер краб и естер јагода, другата со мааалку естербленд.

Петок сабајле во 7:00 бев на езеро. Полека сам ги пренесов стварите, спремив Маестралот и пат под нозе на старото и добро место на кое не сум ловел уште од дете, значи пред некој 15-16год.

2

Кампот спремен, трските во вода ги зафрлив во 10:30.

Три трски на маркер, поточно околу маркер, бидејки во хранилиште е невозможно да се лови поради кленот и црвеноперката.

3

Две трски сингл далеку на некој 80-90метри

4

Ловев на боила со подигач, поточно само за балансирање на боилата да не е скроз на дно, со по две боили на пва една сечена на пола, една цела. Плус две трски држев 5 часа на пченка и тигров орев, ама после тоа сменив бидејки нема раат од ситна риба.

5

6

7

11:00 конечно седнав како човек, бидејки бев сам бев скапан. Сварив кафенце и седнав да одморам.

8

11:30 само што запалив една цигара веке имав еден филмски ран и за кратко излезе прават риба. Убав див крап. На најдесната трска која и беше најблиску до ѕидот на боила со подигач арома чист естербленд. Одма после рибата прихранив со 10-15 боили.

После рибата конечно си направив салата, разни мезиња сирења, модри патлиџани, џмирки итн итн и решив малку и ја да си дадам релакс на душата :D

9

12:30 ми се прекина раатот со еден исто убав ран излезе убаво крапче, помало од првото околу. На истата трска ист мамец.

13:00 на една од сингл трските срамежливо го спуши хенгерот,контрирав и излезе едно крапче не поголемо од 1кг. само колку да ми расипе раатот.

Додека го откачував и пуштав назад околи 13-13:30 повторно убав ран но за жал рибата ми влезе во маркер. Ја приближив сосе маркер, но бидејќи бев само не можев да ја црпнам и одите во три лепе. Инаку и тоа беше колку предходните. И бај д веј последен пат ловам со маркер во вода, бидејки не ми е прв пат да ми ебе риба маркерот.

Од 14:00 часот па до кај 16 часот ми налета јато клен ама удираа буквално на се највеке на пченката.

10

16:00 Ги сменив мамците на четири трски ставив од боилата само со естер и на една оставив од другата боила што се покажа како правилна одлука, бидејки после 2дена постојано менев позиции на таа боила и имав само ситна риба, мали крапчиња, црвеноперка и клен. Или ја вадев трската без мамец.

11

12

16:15 повторно ран и пак шаблон крапче како другите.

Ги префрлив сите трски, фрлив прихрана и почнаа подготовките за вечера со месо, кромид, ракија итн.
Бидејки бев сам па за да ми застане мозокот глумев манекен па си носев и таблет да си гледам филмови :ugeek:

13

Веке во 21:00 ме совлада уморот и ракијата :D си легнав, пуштив филмче и полека на спаванција.

21:45 ме разбуди еден ран, ама буквално рибата како да беше на струја со 100 на саат влечеше. Излезе крапче таа големина како другите. и пак на една од двете трски кои бие најблиску до ѕидот.

Од прилика за пола саат имав ран пак од едно крапче од околу 1-2кг тоа го пуштив уште од кепчето не го ни ставав во сак бидејки веке се онесвестував од умор. Фрлив прихрана и во вода оставиви само две трски, тие што беа фрлени синг подалеку.

Вториот ден станав во 06:00 часот од спиење. Си направив доручек малку појак, помрсен и одма една ракија за циркулација бидејки дуваше некој гаден ветер, а и башка на тоа место сонце после 10-11часот.

14

15

За да се размрдам ловев малку и со кастмастери но без успех, је** га на кленот повеке му се јадеа боили, а баш ми се јадеше кленче пресно :)

10:30 часот додека фрлав прихрана со кобрата пак удар на стандард крап.

Ми се најавија гости нарачав појачање цигари, ракија и слично.

12:00 проработи конечно и синг трската со убава риба која ми зема да не претерам најмалку 100метри конец, ја пуштив толку бидејки наа тие трски имаше потенок конец со шок лидер, на кој во принцип и не верувам многу и плус тие две трски ми беа позајмени. Рибата појде на левата страна каде исто има повеке ѕидови ама немав ориентација каде се точно па не можев да ја стопирам, ми текна да влезам со чамец по неа ама додека се мислев оти у ку**ц, рибата застана во еден ѕид и тоа беше се

13:00 часот пристигна и другарот со него ракија, кафенце итн муабет вака и онака и оп ран повторно на една од синг трските. За да направи кеф другарот ја вадеше таа риба која се откачи бидејки малку ја запна да не иде во ѕидот. Дури после видов дека била подисправена јадицата Хајабуса лонг шанк 4 мислам беше. Да напоменам да бегате подалеку од таа јадица, бидејки не се исправи само од риба туку после јас закачив едно кесе од водата и од тоа кесе кое не тежи повеке од 2кг јадицата беше исправена.

Другарот ме сликаше со сите риби заедно, и пред да ми коментира некој дали се пуштени или не да си кажам дека само една е земена другите се слободни.

16

14:30 имав исто убава риба но ѕидот со ја заврши работата тамо го скинав конецот и таа риби отиде у пм.

Саботата тоа беше се од риби, може ке имаше повеке но мислам дека јакиот ветер ја заеба работата, а може и запивањето бидејки после ми дојде уште еден другар на гости и беше весело :D

Недела полека полека додека се собиравме околу 11 - 11:15 имав уште еден убав ран и крапче за крај. И тоа беше се.

17

Вкупно 9 удари и уште 3-4 ситни 500-700гр. крапчиња

5 извадени риби,4 изгубени. Тежината нема да ја коментирам бидејки не се мерени рибите по моја проценка од прилика 5-6+ кг.

Еве плус некој слика малку манекенство и лигавење :D

18

19

20

Прегледано 5662 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija