Лов на клен на воблер

Лов на клен на воблер

Кленот е за мене многу убава риба како за ловење така и за јадење т.e конзумирање. Припага во шаранскиот род со изразито спортски карактристики. Широко е распространета од планинските потоци и реки па се до големите реки и езера. Кленот е сештојад или риба која не е баш многу пребирлива кога е во прашање исхраната, акцентот на исхрана пага на живо месо или нешто што личи на него (воблер,мушица или стример).

Извонредно борбена риба, силовито и неправилно бега кога е закачен со спектакуларни скокови на површината на водата. Заради и таа атрактивност ја ловат голем дел од риболовците. Кленџиите највеке оваа риба ја ловат на природни мамци како бели црви, црни црви, ларви, пијавици, скакулци, штурци и останати инсекти.Исто така многу успешно се лови и на вештачки мамци кој и воедно баш за нив ке се задржиме во текстот.

Неоправдано и нарочито јас го ловам со воблери бидејки по мое искуство овој начин на ловење е најубав, најлесен, најловен, најспортски и најинтересен. Заради овие причини кој ги наведов со лов на воблери овој тип на рибарење станува се по распространет и поинтересен за риболовците.

Прибор
Трска или рибарски стап, со каков ќе ловите зависи од големината на водата на која сакате да ловите. Ако сте во реон на поток или помала река потребно е нешто пократок стап или трска со должина од 1,40 метри до 2,40метри. Ако сакате да ловите на поголеми води како реки и езера нормално должината се зголемува од 2,4 метри до 3, или максимум 3,3метри. Тежината на зафрлување да не преминува 40 гр, а минимумот е неограничен. Без разлика на должината на трската за лов на клен треба да биде малку по мек и по лесен заради повекето зафрлувања во текот на риболовењето.Машинката која ке ја комплетираме со трската треба да биде максимум големина 3000 по шимано ознаки, по лесна и со пренос на мотање на шпулната 1-5 и со капацитет на 100 метарски најлон со дебелина од 18 милиметри. Зафрлувањата на воблерите најчесто се од рака т.е од зглоб и затоа е неопходно да се избалансира тежината на машинката со должината на трската. Препорачливо и корисно е машинката да има и резервна шпулна,така да на неа можеме да намотаме и друг конец (подебел или потенок) ако теренот и начинот ни бара поразличен начин на риболов.

Пропратен или помошен прибор нормално како и во секој тип на рибарење и овде ни е потребен. Потребни ни се рибарски чизми знаејќи дека овој тип на риболов е доста подвижен и бара чешлање на поголеми терени покрај река каде има израснато трска,треви непристапни обали и слични препреки кој мораме да ги поминеме. Исто така потребно ни е кепче по можност со кратка дршка или мушичарско, чуварка за рибата, клешта за вадење на воблерите од устата на рибата и нормално ранче со сите мамци и останат прибор....

Главниот играч во овој тип на ловење е Воблерот...Од многу предности што ги има воблерот би издвоил неколку. Многу ловен мамец на кој често се факаат улови и колку самата големина на воблерот, а за поголеми примероци и да не зборуваме.Исто така со начинот и изгледот доста наликува на жив мамец и наоружан со две трокаки напред и назад кленот скоро и да нема шанси да му одолее и да не го нападне. Просторот кој е потребен за зафрлување на воблерот е неспоредливо помал од просторот на зафрлување на мушица.

Со воблерот сте (поради стално затегнат конец) во директен и постојан контакт со воблерот и ја приметувате и контролирате неговата работа. Како што предмалку спомнав сите воблери се опремени скоро со две трокаки па така скоро често рибата и сама се закачува и небара којзнае каква брза и молневита контра. Воблерите кои имитираат инсекти Кленот знае да ги нападне уште на самиот контакт со површината на водата и цел да го проголта и затоа како што спомнав потребни ни се и клешти за вадење на воблерите од устата на рибата. За поефикасен и полесен риболов воблерот со најлонот или плетеницата освен директно се поврзува и преку закачалки или уште како ги викаат копчи, ако одредено време немаме удар или реализација на некој тип на воблер за само неколку секунди со откопчување на копчата го менуваме воблерот.
Како и предности што спомнавме и овој тип на риболов има и мани. Една од нив е исплатливоста, или цената на воблерите кои воопшто не се ефтини, доста потешкотии на ветер на отворени позиции кога треба да зафрлиме и губењето или закачувањето на истите во подводните препреки заради двете трокаки кои ја зголемуваат шансата на закачување.Воблерите можат да бидат површински (тие повеке се употребуваат), неутрални или средноронци и тонечки, со распон на понирање од 0,2 метри па се до некаде 2 метри (зборуваме за воблери со максимум од 7 сантиметри кои се наменети за клен). Бојата овде е доста важна бидејки знаеме дека кленот има одличен вид, бојата на воблерот што ке го фрламе зависи од годишното време, текот на времето на денот, заматеноста или видливоста на водата и типот на теренот. Отприлика во кратки црти ги опфативме основните чекори за ловење на кленот.Во наредните текстови многу повеке за воблерите, за вибрациите, намента и останатите карактеристики.

Прегледано 9267 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo          spin fly          pastrmka          bistroinspekcija