Сонце-Вода-ВоздухАвтор: Мики.дј Како што кажува насловот осетив малце потреба од овие природни лекарства и бегање од домашните обавези.Не беше ништо планирано ми удреа бубачките во глава и се знае телефонот во рака и кај другарот на разговор, на кој ми беа потребни само две секунди да го разубедам и се знае за 10мин. бевме тргнати на добро познатата дестинација.Само што стигнавме имаше што да се види езерото мирно,водата никогаш не била во овој период толку надојдена односно добро ме изненади.Еве како изгледаше езерото но и другарот кој не можеше да дочека да ја извадиме опремата од кола.
Читај 5 коментари... >> Првиот во 2013 Автор: Vasil Со колегите од работа решивме денеска да го посетиме 'моето' езерце , да видиме дали рибата е веќе активна, а највеќе на едниот од колеѓите ова му беше огнено крштевање.
Без успешно цел месец го убедував да не се зафаќа со таа работа, Тој не па не , па ајде купување опрема , следење на временската прогноза и ете дојде и денот Д Иако најавуваа променливо време решивме да отидеме, некаде околу 8,30 бевме на вода , припрема за прихранување, малку објаснување на новопечениот крапџија , зафрлање и си седнавме на муабет. Посетители немаше во многу голем број , сепак времето беше доста променливо , но доволно да се создаде пријатна атмосфера. Се ловеше исклучиво на боили , при зафрливањето обавезно PVA , сето тоа даде и резултати. Прво кај мене имаше удар, рибата тргна во десно према плиткото , засеков ........и ништо. Тоа е што е си помислив , приготвив се повторно и следеше ново префрлање. Читај 1 коментари... >> Легитимации 2013 - ОБНОВЕНОИ во 2013 година, сајтот www.ribar.com.mk и здружението РИБАР 2011 бесплатно им помагаат на риболовците што побрзо да извадат легитимација, или маркица за 2013 година, за оние кои веќе поседуваат легитимација. Легитимација (маркица за 2013 година) мора да се вади според закон ! Без неа рибарот може да се соочи со одземање на риболовната опрема од страна на концесионерот. Легитимацијата (Маркица за 2013 година) е годишна и ја издава МРФ (Македонска риболовна федерација). Истата чини 400 денари. Доколку сакате што побрзо да извадите Легитимација-Маркица за 2013 година, Читај 68 коментари... >> Кадарни и некадарни концесионери !Од секогаш ни било чест и задоволство да пренесуваме за акции на концесионерите, на здруженијата, на Инспекторатот, за запленети мрежи и фатени мрежари. Но за жал работата е далеку од розова во делови на Македонија и не секој концесионер си ја врши работата како што треба и концесијата што му е дадена од државата. Еве што ни пренесува еден од нашите читатели и тоа во 12 на пладне, а што ли се случува навечер и колку години ова се случува: ---------------------------------------------------- Денес патот ме водеше накај Катланово,и си велам чекај да ја ѕирнам Пчиња,да видам колкава е после поплавите, а таму Изборната кампања почна - има ли простор за проекти од интерес на рибарите ?Без да фаворизираме едни или други, од името на рибарската заедница и www.ribar.com.mk упатуваме отворен АПЕЛ до СИТЕ кандидати за градоначалници на овие избори - да ја помогнат рибарската заедница и да размислуваат на проекти за заштита и порибување на Македонските езера и реки. И рибарската заедница е дел од пошироката општествена заедница и ние имаме свои цели, свои барања, свои интереси и фала богу, не има доста. Нашите интереси се да има што поубава природа, што поубави и понезагадени реки и езера и секако, најбитното, да има што повеќе и што поголеми риби во водите. Љубители на риболовот има многу и ги има насекаде. Сите тие ќе знаат да ја ценат подршката на Општините и Градоначалниците. Риболовот не познава политика, ниту пак етничка и национална припадност, токму затоа ќе го поздравиме секој чекор и проект кој има за цел порибување на некоја река или езеро, проект за заштита на еколошката средина и македонските води. Секоја општина на своето подрачје има некоја река или езеро и секој градоначалник може да ги помогне риболовните друштва и води на негова територија. Само треба да се сака и да се има волја. Нека е БИСТРО ! Читај 3 коментари... >> Втор собир на мушичари 2013
Се собравме околу 30-тина мушичари, имавме и гости од други градови (секоја чест момци што дојдовте) и денот го поминаме во одлична атмосфера, дружење и размена на искуства :) Прво би сакал да му честитам на Илија за одличната организација, стварно се потруди се да помине во најдобар ред. Голема благодарност и до Илија Бојаровски од Ловечко Око, човекот најпрофесионално медиумски го покри цел настан, и сите со нетрпение ја очекуваме емисијата во која ќе биде прикажан мушичарскиот собир. Голема благодарност и до сите други учесници, кои присуствуваа на собирот и го збогатија со своео учество, посебно оние од постарата генерација, кои ни направија голема чест и го споделија своето големо искуство со нас, помладите :) Читај 4 коментари... >> Пристигнаа првите ДРЖАВНИ ДОЗВОЛИ преку РибарПристигнаа првите државни дозволи извадени преку здружението РИБАР 2011. Овие дозволи, според Закон и без исклучоци, важат на сите води кои се дадени под концесија во Република Македонија. Цената за овие дозволи оваа година е 6000 денари, од кои според закон 70% одат во Буџетот на Р.М, а 30% во риболовното здружение преку кое се вади државната дозвола. Средствата кои по однос на оваа ставка влегуваат во здружението РИБАР 2011 се користат исклучиво за порибување на македонските води. Изминатата година помогнавме со 6000 денари за Читај 29 коментари... >> |













