inspekcija

Забрани за риболов
zabrani
Концесионери
KONCESIONERI

Постави прашање

Коментари
Последни коментари:
lebron во понеделник 13 октомври 2014, 22:33: kolku koshta najeftina trska so se mashinka (celos...
Boban-Ku ! ! ! во четврток 09 октомври 2014, 12:15: Kaj se naodja ovaa prodavnica ? ? ? ...
goran во понеделник 06 октомври 2014, 19:31: do koga sase od pec pec ke odi na svecko prven...
Marjan во понеделник 06 октомври 2014, 11:06: Se e toa super ubavo ste pominale masala da vi se ...
наум во четврток 02 октомври 2014, 14:19: 1900 денари имаш фидери мајс...
Zoran во четврток 25 септември 2014, 01:25: Одлично! Ја поздравувам ини...
Trajce во среда 24 септември 2014, 20:32: Ako se zeme vo predvid, opremata, uslovite, strasn...
ivica во вторник 23 септември 2014, 20:24: dali ima roler 14 i kolku pari e
...

Branislav Velevski во четврток 11 септември 2014, 03:38: eeee TOA E NAJGOLEMAMTA VISTINA DO SEHA STO SUM JA...
Klime во понеделник 08 септември 2014, 17:11: Zdravo. Kplku e cenata na fider prackite za so hra...

Лов на амур

amur

Со оглед на тоа што амурот е поприлично нова риба на нашите простори неможе да се најдат поголеми и долгогодишни искуства за неговиот лов. Сепак од она што се знае за него, ќе пробаме да споделиме што повеќе со читателите на www.ribar.com.mk

Опрема и тактика

Поради големината на примероците кои можат да удрат, амурот се лови со потешка спрема, конец 0.30, 0.40, 0,50,  јадици кои се користат за крап и јака полна трска, никако шуплива, јака и голема машинка, најчесто се лови со опрема на која се чека и крап.

fg

Најмногу се лови на дубинско, исто како крапот, но добар успех имаат и оние кои го ловат на тапа и тоа со мамец спуштен во средните слоеви на водата, пред се кога се лови блиску до треви и водни растенија. Понекогаш, особено летно време може да се лови и на површина. Еден од начините и мамци за лов на амур на површина е ловењето на парче езерска трска, која би била во должина од 10 см, но на тој начин што на делчето од трска на кое ловиме да има и лист и конци од самата трска. Овој мамец се прикачува на трокука и се лови на површина. Машинката обавезно се остава отворена, зашто амурот кога ќе удри бега како торпедо, и токму затоа постојат многу примери на трски кои биле однесени во вода.

Она што секогаш треба да се има на ум кога се лови амур е неговата големина и сила. Кога тој е закачен не смеете да си дозволите никаков луксуз да го вадите на сила и да го оптеретувате приборот затоа што тоа нема да ја извади рибата надвор. Потребно е смиреност и стрпливост и добра работа со опремата. Машинката мора да Ви биде подготвена за оваа борба и амортизерот добро подготвен, се што е спротивно на ова значи кинење на конец, пукање на трска, или откачување, пред се ако од другата страна имате амур од 15, 20 или повеќе од 20 кила. Еве едно видео каде се гледа кратко бегање на амур кој од прилика е околу 5-6 кила.                    

Кога веќе го имате на трска имајте на ум дека амурот посебно здивува кога ќе дојде во близина на брегот, или во близина на кепче. Во тие моменти очекувајте нагло повлекување и лудо бегање на амурот назад кон длабочината и затоа амортизерот нека ви биде спремен. Еве едно видео кое го потврдува ова.

Кога се зборува за тактика, вредно е да се спомне дека кога се лови амур треба да се биде особено тивок, пред се доколку се лови поблиску до обалата.

Примама

Ако сте намислиле да бркате амур, знајте дека треба да понесете многу храна. Амурот јаде многу, затоа и расте брзо. Амурите се движат во јата и доколку на вашата храна се соберат 20-30 амури од по 10, 15 или 20 кила, а вие сте фрлиле 1 кило примама, ништо не сте направиле, ќе ја збришат за момент. Доста често во примамата се користи пченка, бојли и друга зрнеста храна.

Место и време на ловење

Има доста сознанија дека амурот не спие ниту во зима, што укажува дека ловна сезона за амур е преку целата година.

Во пролет, кога водата е поладна, неспоредливо полесно е да се совлада амурот, затоа што тогаш неговото главно оружје-снагата е намалена. Во овој период, доколку го закачите, тој веднаш бега во некое засолниште, или треви, при што треба да се биде доста стрплив и да се употребува минимална сила. Добра околност е тоа што во пролет растенијата се млади и меки, така што потешко би го скинале конецот. Во ваква ситуација, доколку амурот почне да бега во лево, рибарот од обалата треба веднаш да се движи на десно, но без употреба на машинка и сила, туку едноставно само со држење на амурот затегнат и пробување да не му се дозволи да се заплетка во тревите, или пак ако е заплеткан да се сочека да излезе.

Во пролет нема многу тактизирање. Амурот нагло го зима мамецот, па контрата треба да биде брза и оштра. Во ова време тој не е многу борбен, иако во првите моменти кога ќе биде закачен дава голема сила да го скине конецот, сепак после одрдено време кога ќе осети дека животот му е загрозен тој одма пробува да најде засолниште во тревите. За разлика од крапот, амурот во првите моменти кога ќе биде закачен бега како луд и токму затоа се забележани бројни примери кога пукале трските, или пак нагло паѓале и биле носени во водата.

Во летно време , амурот поспоро го зема мамецот, постојат бројни примери за тоа, кога не сме сигурни дали е закачен или не, едноставно сигнализаторите даваат краток звук, или пак ударот е краток и нема сигнализација дека рибата е закачена.

Во текот на летото амурот најчесто ќе го најдете одма под површините обраснати со густа водена трева и растенија, додека во текот на зимата се повлекува во најдлабоките делови на водите во кои живее.

Кога се двоумите каде да му ги пласирате мамците, се чини нема вистински одговор. Некои рибари го ловат на поголеми далечини, некои на помали, а некои му пласираат веднаш до обалата, т.е до трските или водните растенија. Она што е сигурни, амурот шета и ги посетува сите овие места.

Кога е во прашање денот и ноќта, доста искуства кажуваат дека ноќе има подобро резултати.

Мамци

Амурот обожава зелени водни растенија и тоа му е и основната храна во местата каде што живее. Токму затоа го викаат и чистач, затоа што се грижи да изеде што повеќе зеленило во неговата средина. Знаејќи го ова доста рибари пробуваат на повеќе мамци кои имаат карактеристики на зеленило. Па така се прават бојли кои содржат доста примеси на зелени растенија, магдонос, целер, спанаќ, детелина и сл. Некои рибари ловат на грашак, но најмногу се чини го ловат на шеќерац и на пченка. Што се однесува до аромите, доста успешни се покажале и овошните ароми.

Граници под кои не е препорачливо да се земаат амури

Амурот е риба која многу тешко се мрести во наши услови. Скоро секаде каде што сте слушнале дека има амур во Македонија, секаде е порибен и никаде не е потврдено дека природно се мрести, иако тоа не е исклучок. Токму затоа треба да бидеме претпазливи со оваа риба и амурот да се враќа во водата. Сепак, ако сте решиле да го земете уловот, имајте на ум дека примероците до 3 килограми се бебиња за оваа сорта. Меракот кој ви го направил амур од 2 или 3 кила е смешен во однос на оној кој може да ви го направи амур од 10, 15 или 45 килограми, како што е оној на последната слика.

 

Коментари

avatar filip030682
0
 
 
se lovat i na suplivi trski......popznati kako parabolici
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
forum

 

MKD-RIBAR

Fisherman handmade wobbler katalog copy

Биди дел од Рибар
Рандом рибарка
Facebook