inspekcija

zabrani

KONCESIONERI



Коментари
Последни коментари:
ZOKI во понеделник 26 јануари 2015, 15:36: PODOBRO E DOZVOLA DA IZVADAT 500000 RIBOLOVCI PO C...
ZORAN TETOVO во понеделник 26 јануари 2015, 15:28: ZDRAVO
ZOSTO NEKOI DILERI OVLASTENI OD NEK...

KAVADARCI 2 во сабота 24 јануари 2015, 19:04: DA se zaprasame malku koga ke go poribat Tikvesko...
MIHALI во сабота 17 јануари 2015, 10:05: dali ovaa godina ima nekoj promeni kaj koncesioner...
Nedzho во петок 16 јануари 2015, 12:48: Sekoja cest , ne sum znael deka i bojnikot se lovi...
www.ribar.com.mk во среда 14 јануари 2015, 12:22: Mitko треба да знаеш дека испр...
igor igor во петок 09 јануари 2015, 11:33: Jas sum za da ne vadime ni legitimacii ni dozvoli ...
Gogov Mitko во петок 09 јануари 2015, 11:02: polanskata god.dobiv kazna od 300 evra od koncesio...
MENDE во четврток 01 јануари 2015, 12:53: BRAVO...
Sumar во понеделник 22 декември 2014, 21:26: Bbravo za shtukite. Edno prasanje, slusnav deka ke...

Лов на клен со воблери во Охрид

лого

Mинатиот викенд го поканив мојот пријател Жарко од Србија, кој дојде со кутија полна со воблери од многу производители. Првиот ден го прошетавме риболовниот терен за да видиме каде се бие кленот, рибарски кажано, а каде ќе слезе во наредните денови. Одбравме едно место помеѓу Градиште и Трпејца, длабоко околу 3 метри, а под нас имаше една вдлабнатина во која кленот се мрестеше. Глетката во рибарскиот речник е позната како „црнила од клен", односно илјадници кленови од триста грама до 4 килограми на едно место.

Мај е најдобар месец за рибо-лов на Охридско Езеро. Кленот слегува на мрест на самиот брег и буквално со една половина од телото е на песок, а со друга во вода и така ги исфрла икрата и млечот. Рај за очите, рај за риболовците, ситуацијата може само да се доживее.

Се одлучивме да експериментираме и да ги побиваме, или да ги потврдуваме теориите за воблерот. Риболовот го почнавме со најнови рапали со големина од 6 сантиметри и тежина од 4 грама, кои се спуштаат на длабочина од 0,9 до 2,4 метри.

Жарко ловеше со рапала „фотопринт", која е полична и од самата риба. Јас ја изгребав целата, освен на две места, за да видиме каква улога играат овие најнови оригинални рапали за разлика од старите, кои не се слични на рибите ни еден процент. Бројот на ударите беше подеднаков, но се трудевме да ги водиме воблерите на иста длабочина и со иста брзина. Заклучивме дека нема разлика помеѓу најновите и старите воблери нацртани со водоотпорна боја. Важно е да се одреди вистинската брзина со која се влече воблерот за да прави пра вилни вибрации на повредена риба и да ги проследи до рибите. Потоа пробавме да ги водиме блинкерите на разни длабочини. Ги водевме во слојот каде што беше рибата, каде што кленот ги напаѓаше на секое фрлање. Потоа ги водевме над слојот каде што се движеа рибите и тогаш кленовите ги напаѓаа, но многу поретко, а кога ги водевме воблерите под рибите, ни една риба не се спушти да го нападне воблерот. Жарко проба воблер со не-гативна акција, кој потонува околу 30 сантиметри на секоја секунда, и може да се води на која длабочина сакате. Тие се покажаа доста ефективни. Ловни беа и воблерите со суспензија, кои кога ќе престанеш да ги моташ на трската, се задржуваат на длабочината на која биле во тој момент. Местото каде што ловевме не беше подлабоко од 3 метри.

Следниот ден дуваше северен ветер, езерото беше разбранувано, а водата матна. Одлучивме да експериментираме на која боја во матна вода ќе јаде. Интересно е што во матно ги напаѓаше само темните блинкери, а никако светлите. По еден час се смири северецот и се избистри водата.

За улогата на бојата има многу дебати и различни заклучоци меѓу риболовците. Денот беше променлив, така што ловевме на воблери со различни бои од раните утрински до ноќните часови. Видливоста на воблерот е исто така важен фактор, дали ќе ловите на светла или темна боја. Според табелата, рано наутро најдобро е да употребувате воблер со сина, зелена, сребрена или бела боја. Кон пладне ловете на жолта, потоа портокалова и црвена, која најмногу беше ловна околу пладне. Од пладне кон вечерните часови менувајте ги боите во обратен насока.

Изгледот на блинкерот, исто така, игра голема улога, ако е долг и слаб, кленот го сака, но кога е краток и дебел бега од него.

На илјадници кленови на едно место некои теории за воблерот се покажаа точни, а некои не. Сепак, ние поминавме незаборавни три дена во спојување на тактика, теорија и практика.

Бистро до наредниот број.

Коментари

avatar ilija
+3
 
 
Pak go nacekaa klenot na mrest, ne e ni za K-15 ova, za crna hronika e....
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
forum

 

MKD-RIBAR

Fisherman handmade wobbler katalog copy

Рандом рибарка