inspekcija

zabrani

KONCESIONERI



Коментари
Последни коментари:
kiki во среда 19 ноември 2014, 17:35: Koj e koncesioner za Udovo
...

kavadarci 2 во вторник 18 ноември 2014, 22:17: kako moze samo na tikvesko da ne se poribuva ili i...
vele musicar во недела 09 ноември 2014, 17:14: RESPECT...
николетина во среда 22 октомври 2014, 07:28: повели линк со потребните п...
lebron во понеделник 13 октомври 2014, 22:33: kolku koshta najeftina trska so se mashinka (celos...
Boban-Ku ! ! ! во четврток 09 октомври 2014, 12:15: Kaj se naodja ovaa prodavnica ? ? ? ...
goran во понеделник 06 октомври 2014, 19:31: do koga sase od pec pec ke odi na svecko prven...
Marjan во понеделник 06 октомври 2014, 11:06: Se e toa super ubavo ste pominale masala da vi se ...
наум во четврток 02 октомври 2014, 14:19: 1900 денари имаш фидери мајс...
Zoran во четврток 25 септември 2014, 01:25: Одлично! Ја поздравувам ини...

Едно утро на Охридско езеро

Појдовме овој викенд во Охрид, малку на релаксација, плажа, езеро, убавини, но како да се издржи цел викенд на вакво место без да се фрли трска некаде. Додека шетавме ноќно време по докот во центарот на Охрид, таму се редеа рибари, кој аматерски, кој полуаматерски, кој сериозен и така. Сите имаа чуено дека таму кај трските удирал крап, па ајде да си ја пробаат среќата. И ние не издржавме и покрај попустите критики од женскиот дел од екипата, сепак не издржавме и во Неделата сабајлето уште на разденување се нацртавме кај трските.

Секако не се спремавме воопшто, едноставно претходниот ден земавме црни и бели црви, пченка и тргнавме на варијанта барем тапите да мрдаат, да биде интересно, па макар фаќале и плашки само. Така и бидна.

Секако фрливме и две трски на дубинско на пченка, да не случајно му текне на некој “шарко“ да нападне, па да не не фати не спремни.

 

Ги оставивме дубинските на страна и мавнавме на бели и црни црви. Состојбата беше риболовен рај- само уште да маваа поголеми риби. Но тоа и очекувавме. Не нападнаа грунци кои маваа на секоја рака.

 

Друштво им правеа и по некое царево куре и белвица.

 

Тоа беше една од оние ситуации кога ги гледаш сите можни удари што можеш да ги регистрираш на тапа, ту пропаѓаа тапите, ту рибите ги возеа, ги превртуваа и слично. Но за 2 сата фаќање, ништо поголемо и посериозно. Грунците ни здосадија и решивме да промениме локација.

Имавме чуено дека на големиот градски док искачале крапчиња, а и таму беше подлабоко, плус имаше треви, а тоа е средина во која може да излезе и нешто покрупно од грунец. Се преселивме на докот од неговата надворешна страна, закрмивме и почнавме да фрламе во “дупките“ помеѓу тревите. Ги фрливме и дубинските. Но, ситуацијата беше слична како претходно. Дали на бели, или на црни, па дури и на пченка, грунците повторно не нападнаа и цело сабајле ни отиде во релаксација и полнење на мрежите со грунци. Паметот веќе ни беше колку порции гирици ќе излезат од сите грунци што ги изнафаќавме.

докОна што ни го остави паметот таму, беше тоа што на 100-150 метри навнатре во езерото, на едно место за цело време скокаше крап во радиос од 10 метри, цело време на исто место. Но ние ниту имавме чамец, а ниту имавме време. Веќе беше околу 10.00 и моравме да се повлечеме. На идење еден од рибарите на докот ни укажа дека пред 3-4 дена многу рано на сабајле, пред да почнат да се палат чамците и кога уште е мирно од внатрешната страна на докот, еден од рибарите извадил крап од 2,5 кг, што ни ги потврди претпоставките дека на тој дел околу докот и кон езерото има крап и истиот ги чека на двобој следните рибари. Па, коолеги рибари, ако сте во Охрид, или имате намера да летувате таму, наша препорака е да се посети ова место.

Поздрав и Бистро

Коментари

avatar Poliz
+2
 
 
Важно,сте ги натопиле тапите.,хехе.Браво момци.
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar milan
0
 
 
vrati go toa za profesorot
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
forum

 

MKD-RIBAR

Fisherman handmade wobbler katalog copy

Рандом рибарка