inspekcija

zabrani

KONCESIONERI



Коментари
Последни коментари:
Веле во среда 26 ноември 2014, 10:52: Не е никакво загадување, ов...
Љупчо во среда 26 ноември 2014, 10:50: Браво, секоја чест...
vlatko во среда 26 ноември 2014, 10:09: nikoj nisto ne znae ???...
kiki во среда 19 ноември 2014, 17:35: Koj e koncesioner za Udovo
...

kavadarci 2 во вторник 18 ноември 2014, 22:17: kako moze samo na tikvesko da ne se poribuva ili i...
vele musicar во недела 09 ноември 2014, 17:14: RESPECT...
николетина во среда 22 октомври 2014, 07:28: повели линк со потребните п...
lebron во понеделник 13 октомври 2014, 22:33: kolku koshta najeftina trska so se mashinka (celos...
Boban-Ku ! ! ! во четврток 09 октомври 2014, 12:15: Kaj se naodja ovaa prodavnica ? ? ? ...
goran во понеделник 06 октомври 2014, 19:31: do koga sase od pec pec ke odi na svecko prven...

Велешко езеро (Младост)

mladost1Во централниот дел на Македонија, поточно на р.Отовица, во непосредна близина на селото Отовица  и патот  Велес-Скопје,  изградена e бетонска-лачна  брана.  Браната  е лоцирана  на 41о46’N и 21о45’E, возводно за 2,5km од вливот на р.Отовица во р.Вардар, при што е оформена акумулација  позната  како  Акумулација  Младост.  Висината  на браната  изнесува  27,0m,  а должината при круната изнесува 73m.

Сливот на р.Отовица, која го полни Езерото Младост е со јужна експозиција на простирање, а р.Отовица и нејзините притоки се спуштаат од под падините на Градиштанска Планина, чија највисока  точка во сливот  е на кота од 826masl,  врвот Градиште.  Сливот  на р.Отовица  на север граничи со сливот на р.Лка, која кај Катлановска Бања се влева во р.Пчиња, на исток со сливовите  на водотеците кои гравитираат  према овчеполието,  а на запад со сливовите  на суводолиците  кои гравитираат  кон реката Вардар. Веднш по бетонската  брана, коритото на р.Отовица стрмо се спушта према реката Вардар.

Акумулацијата има должина од 1,5km, а нејзината најголема широчина достигнува и до 500m.

Најголемата длабочина во езерото е 25 м. Езерото при кота од 245,00masl зафаќа површина од 0,52km2, и има вкупна зафатнина од 8,00*106m3. Оваа акумулација формира акумулационен простор,  со  корисен  волумен  од  3,80*106m3,  кој  овозможува  преку  систем за  наводнување обезбедување на вода за наводнување на делови околу Велес и с.Отовица. Се наводнуваат околу 1.350 ха обработливо земјиште, претежно со лозови насади.

Утврдување на најмала големина на риби по видови под која несмеат да се ловат

Крап                                                  40 см

Клен                                                  30 см

Лињак                                               25 см

Попадика                                          20 см

Црвеноперка                                     20 см

Костреш                                             20 см

Смуѓ                                                  35 см

Сом                                                   70 см

 

Рибата се мери од врвот на муцунката до крајот на опашната перка, кога перката е нормално отворена.

Сите  уловени  риби  под  определената  големина,  потребно  е внимателно  да  се  откачат  од јадицата, неоштетени и во жива состојба да се вратат во водата.

За останатите видови риби кои, кои не се наведени во табелата, кои се помалку значајни од аспект  на  рекреативен  риболов,  видови на  риби  кои  ги  има  во  поголема  количина  во риболовната вода или се во групата на непожелни видови риби, не се предвидува заштитна мерка „најмала дозволена големина под која несмеат да се ловат”, што значи дека може да се ловат на сите големини.

Забрана за лов на риби:

Вид на риба                       Период на забрана

Крап                                    Од 05 мај до 15 јуни

Клен                                   Од 05 мај до 1 јуни

Лињак                                 посебен третман зависно од условите

Попадика                           Од 05 мај до 1 јуни

Црвеноперка                      Од 05 мај до 1 јуни

Костреш                             Од 01 април до 30 април

Смуѓ                                   Од 15 февруари до 1 мај

Сом                               Од 01 март до 15 мај

Покрај  забраната  за  риболов  за  време  на  мрестењето,  а  заради  поголема заштита  и зголемување   на  популацијата   не  е дозволен  риболов  на  сом  и  смуѓ  во  деновите  од понеделник до четврток, (со исклучок на државните празници).

Сите случајно  уловени  примероци  од наведените  видови,  во периодот  на забрана мора во жива состојба и неоштетени да се вратат во риболовната вода.

Забрането е секакво изнесување на рибите за кои е определена забрана, нивно убивање, како и ставање во сакови или чуварки за чување риба.

Дозволениот дневен улов по видови на риби се ограничува на:

Вид на риба                                    Дозволен дневен  улов

Крап                                                  до 2 (два) примероци

Клен                                                  до 10 (десет) примероци

Попадика                                         до 10 (десет) примероци

Црвеноперка                                    до 25 (дваесет и пет) примероци

Костреш                                           до 20 (дваесет) примероци

Сом                                                   1 (еден) примерок

Лињак                                               1 (еден) примерок

Смуѓ                                                  1 (еден) примерок

Максимална дозволена количина на дневен улов на риба, за рекреативната зона „акумулација Младост“  е вкупно до 3 кг. Тоа значи дека доколку риболовецот во уловот има разни видови на риба,  вкупната  количина  на  улов  по  рекреативен  риболовец,  на  ден  не смее  да биде поголема  од 3 кг, а воедно  и не смее да бидат  надминати  максималните  ограничувања  за бројот на уловени единки по видови.

Во вкупната  количина  до 3 кг. влегуваат  и сите останати  видови на риби кои досигнуваат помали должини (белвица, и др.).

За видовите “сребрен карас” и “сончаница” нема никакво ограничување и може да се лови во сите должини и во неограничени количини.

mladost2

Коментари

avatar ribar
0
 
 
luge dali ste normalni so ribive pa ako e taka ic da ne ideme na velesko zosto nema ribce da fatam tamu ako ima riba pogolema od 15 sm dobro e a vie ako ste se nafurale da praite drustvo treba da svatite deka ne se prai red za eden den
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar Филип
+1
 
 
Мајсторе, ова се извадоци од риболовната основа за Велешко езеро, која беше објавена во Службен весник и врз основа на која концесионерот ќе мора да работа, кој и да биде во иднина.

Ова нема врска со рибар.цом.мк :)
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar www.ribar.com.mk
0
 
 
:) interesno kako pocnuva nervoza pred dodeluvanje na koncesiive, odednas Ribar pocna da im smeta na nekoi, aloooo ova e del od ribolovna osnova koja ne ja napravil Ribar, tuku nekoj drug, i koja ribolovna osnova od komentarive se gleda deka ne se pocituvala, zatoa Velesko e takvo kakvo sto e, ama na tie sto spijat na uvo deka bezakonievo vo drzavava ke prodolzi po staro, edna poraka GADNO SE ZAEBALE, ako sakaat da ja testiraat ova poraka neka probaat povtorno da gi pravat matnite raboti koi gi pravele, dobro ke osetat deka nesto pocnuva da se menuva na podobro. Ribar ke ostane crvst prijatel so site koi iskreno im mislat dobro na makedonskite vodi i ribite vo niv, a cvrst neprijatel so site onie koi imaat iskriveni viduvanja
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar kontinuitet
+1
 
 
Abe ne sme problem nie rekreativnite ribolovci tuku drugive so mrezi sto parce ja praat ribata. So trska kolku ke fatime pa uste ja ogranicuvaat ribata nebare ke ulovime po 10 kg dnevno . Preku taseta se i Koncesionerive i sve
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar битола
0
 
 
без нервозаи и ароганција, изгледа неколку години ќе се лови само карас за нешто повеке од тоа посететеги соседите
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar Aleksandar
0
 
 
Постојано читаме дека риболовната основа ја напишале некои "други".Дали можи некако да дознаеме кој се тие "стручњаци", надворешни или внатрешни соработници на владата кој го подготвиле тој закон .Со име и презиме ,што се по образование или е тоа строго чувана тајна ?
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar Филип
+1
 
 
Риболовните основи за сите ревири се припремени од 2 институции, првата е Институт за рибарство и сточарство при Уким (Васил Костов - претседател на МРФ), а втората е Хидробиолошки завод на РМ (они ги имаат спремено риболовните основи за Охридско, Преспанско, Дојранско, Дебарско, Козјак)

Повеќе инфо на http://www.mrf1952.mk/info.php
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar igor
+1
 
 
znaes koga ke odnesam doma samo dva krapa ..... koga ke mi udrat na trska ama kako sto izgledaat momentalno nasive vodi izgleda ke pocekam.ha ha ha.....
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar nikola
+2
 
 
i kaj mene vo selo otvoria kolonijal ama prvo go napolniva so roba pa posle go otvoriva i pocnava da prodavaat.
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar DVStip
0
 
 
Sakam da pojdam do Mladost no neznam so bi mozelo da ocekuvam vo ovoj period od godinata pa ako ima nekoj so nekavo iskustvo na ova ova ezero bi zamolil za sovet. Vi blagodaram.
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar влатко михајловски
0
 
 
колку чини дневна карта ?
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar Nenad Blagoevski
+1
 
 
Moze li nekoj da ne informira kolku cini dnevna dozvola?
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar denis. a
0
 
 
Kolku cini dnevna dozvola i dali treba da se da imame potvrda za ribolov ?
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
forum

 

MKD-RIBAR

Fisherman handmade wobbler katalog copy

Рандом рибарка