Клен
КЛЕН (Leuciscus cephalus)

Опис:
завршува со округла муцка која ја поклопува широката уста. Грбната перка му е широка и наресена, а стомачната перка му е поставена на исто место како грбната, само на стомакот. Бојата му се менува според бојата на водата во која живее. По правило стомачната зона му е бела, а перките се сивкасти, освен страничните перки и перките во аналната зона кои се помаранџесто-црвени. Во нашите води кленот знае да нарасне и преку 3 килограми.
Место на живеење, навики, начин на хранење и распространетост:
кои се на некој начин поврзани со некоја река. Го населува скоро цел европски континент, освен скандинавските простори, што ни говори дека е поприлично прилагодлива врста на риба. Сепак најчесто кленот ги населува протечните води со цврсто и каменито дно. Знае да преживее и во места каде многу други врсти на риби уназадиле или не преживеале. Зимно време, кленот се сместува во помирните зони блиску до водените струи, во шуплива обала и во спори но силни вртлози. На пролет ги поминува сите места каде што растат водните алги, како и во поплитките места и сите дриги места каде инсектите се во поголем број. Летно време се поставува во заседи на површината, најчесто во сенка и спремен е одеднаш да проголта секаква врста на храна. Во есен, вртлозите и водните препреки му овозможуваат поголем дел од времето да го помине прехранувајќи се без поголем напор. Кленот има широка лепеза на искрана: полжавчиња, ракчиња, пуноглавци, разни ларви, копнени и водени инсекти, растителни и отпадни остатоци, мов, алги и трева, разно овошје кое случајно му паѓа од дрвата, грозје и сл. И покрај сета оваа исхрана, кленот сепак е многу внимателна риба.
Размножување:
Кленот се мрести во Мај и Јуни. Женката може да положи од 50.000 – 200.000 јајца во песокливи или со трева обраснати плитки места, кога температурата на водата ќе достигне 15°C. Како млад кленот живее во јата и се храни со планктони и водни растенија. Сезоната на парење му е во пролет. Тогаш мажјаците добиваат пеги по телото, перките им стануваат црвени, добиваат поживи бои, односно добиваат таканаречено свадбарско руво. Инкубацијата трае седум дена и младите растат доста брзо.
Животен век, големина на раст и тежина:
Просечниот животен век на кленот е измеѓу 10-15 години. За тоа време тој може да нарасне во просек од 30 – 70 сантиметри со тежина од 500 грама до 6 килограми.













Коментари
Inaku mamec za klen e mnogu sirok poim, zatoa sto klenot jade mnogu raboti, no najmnogu ona sto ke go najde vo vodata, ona sto mu pagja vo vodata ili ona sto instiktivno go privlekuva kako eden od predatorite megju ribite. Pa taka klenot jade dosta vodni glisti, cauri, pijavici, polnoglavci i mali zapcinja, jade dosta ovosje koe mu pagja vo vodata, kako sto se dudinki, slivi, kapini, mnogu saka insekti koi mu pagjaat vo vodata (razni musicki, muvi, skakulci, osi, sturci i dr. insekti) i sekako kako predator jade drugi mali ripcinja, poradi sto dosta cesto se lovi na vobleri t.e vestacki ripcinja.
1 2