inspekcija

Забрани за риболов
zabrani
Концесионери
KONCESIONERI

Постави прашање

Галерија
Коментари
Последни коментари:
velicenstveniot во петок 25 јули 2014, 04:41: nema koncesioner nema poribuvanje so k.... nekoj ...
www.ribar.com.mk во среда 23 јули 2014, 01:59: anti federalist очигледно е дека н...
Milan во вторник 22 јули 2014, 06:09: Apeliram do RIBAR da najde nekako nacin da se vove...
Skopje-jas во понеделник 21 јули 2014, 17:24: Bravo za Ace76 i Koj Bilo! nikoj e zadovolen od r...
cvare во сабота 19 јули 2014, 13:47: muabetov ti e na mesto...istoto go napravija i vo ...
ribarche во петок 18 јули 2014, 05:38: Добра финта со поцрнувањет...
anti federalist во четврток 17 јули 2014, 18:00: Ajde ti ribar.com.mk daj mi edna matematika kade o...
Ace во вторник 15 јули 2014, 15:49: ti si rekreativen sporski ribolovec.......???

SEF во понеделник 14 јули 2014, 14:37:
Koncesionerite parce napravija. neka si zeme sve ...
ace76 во сабота 12 јули 2014, 07:25: Koga ke im se kaze na cuvarite kaj si videl mreza ...
Виц на неодредено

Едниот близнак му вика на другиот:
- Абе кај си ти цел ден?? Мама ме бањаше два пати!

Време и место за лов на сом

Каде се лови сомот ?

Мајстори за сом се многу малку. Ваквата ситуација помеѓу рибарите не е поради тоа што сомот е многу интелигентна риба, сосема напротив, се смета за една од помалку интелигентните, туку таквата ситуација е затоа што многу рибари ловат сом без притоа да го видат или лоцираат сомот. А во тоа се чини дека е и најголемиот трик за добар улов на сом, во неговото лоцирање, што е потешко, одколку неговото закачување на јадица, доколку веќе сте го пронашле. Дополнителна потешкотија во неговото лоцирање е тоа што постои разлика помеѓу сомот кога тој се движи, плива и интензивно се храни и сомот кога е во фаза на мирување. Многу искуства на нуркачите говорат дека кога сомот мирува, тој е сосема неподвижен, дури и во ситуација доколку внимателно се допре со рака. При една ваква ситуација, претражувањето на теренот и пронаоѓањето на сомот дополнитено е отежнато. Секако и покрај тоа што рибарите важат за доста упорни кога ќе наумат нешто, што би се рекло “Рибари будали“ , сепак неможеме да нуркаме и да го бараме сомот, туку треба да научиме многу други техники на лоцирање и пронаоѓање на големиот “Бркоња“. Една од најбитните работи, посебно кога се работи за ноќниот риболов е добро да слушаме и да го лоцираме местото во кое сомот брка друга риба.

Инаку генерално сомот треба да го бараме во подлабоките и помирни води. Во реките треба да се бара во големите дупки каде водата е најмирна.

Доколку се работи за река, според одредени искуства, навечер сомот треба да се чека на места во кои брзаците преминуваат во вир, а на разденување и во текот на денот сомот треба да се бара во самиот вир или на излезот од вирот. Доколку реката надојде и се замати, тогаш сомот треба да се бара поблиску до обалата, а во сите други случаи треба да се бара во главниот тек на реката.  Инаку правото место во кое сомот одседнува е местото на уливот на реките, особено во време кога врне и кога реките надоаѓаат, носејќи со себе разни инсекти, црви и водоземци. Во ова време сомот завзема позиција под уливот и чека се што ќе му донесе реката. Сомот знае дека на ваквите места на стемнување и на разденување доаѓаат и други риби во потрага по храна и најчесто од таквите места се враќа најаден или пак закачен на јадица. На ваквите места и во вакво време пред се напаѓа на жива риба, жаба или друг мамец на слободна јадица, отколку на јадица на дно..........

Во кое годишно време се лови сомот?

Како што претходно е кажано сомот не сака ладно време. Со сигурност се знае дека сомот меѓу рибите е првата риба која запаѓа во зимскиот сон, а последната која се буди од него. Зимно време сомот се укопува во тињата и муљот и таму седи се додека не надојдат пролетните води кога се подига до површината да се освежи со кислород и полека станува поактивен. Познато е дека сомот тргнува по храна лето за време на жестоки невремиња, олуи и грмотевици. Кога трга по храна може да се движи и по најјаките водени струи, а кога се храни доаѓа и во најплитките места. Сомот најмногу се храни во текот на летото, па се до почетокот на зимата.

 


Сомот е ноќен грабливец ?

Сомот со причина се смета за ноќен грабливец и неговите љубители знаат дека сомот се лови најчесто ноќе. Ваквата ситуација е затоа што сомот не сака многу светло.

Преку ден

Преку ден сомот се наоѓа на длабоките места каде што тешко продираат сончевите зраци. Лежи на места каде што обалата е подкопана, под некои карпи, под гранки или некоја друга водна вегетација. Во ова време најчесто мирува, или пак го демне пленот од заседа. Ваквата негова положба и разположение преку ден може и да се измени само во одредени случаи доколку реката надојде, се зголеми и се замати, а со тоа почне да носи многу работи со кои се храни сомот, по што сомот може да биде потикнат на хранење и денски.

Ноќе

Кога ќе падне мрак, тогаш ситуацијата и расположението на сомот драстично се менуваат. Сомот тогаш почнува да се дига кон површината, приоѓа кон обалата, влегува во плитките места и брзаците каде почнува да ја брка рибата и другите животинки.  Тогаш треба навистина да сме тивки и добро да слушаме. Гласното шлапкање и плускање на помалите риби кои бегаат, наглите движења во водата, звукот на голтање, тоа се звуците кои ќе ве насочат кон сомот. Ако го лоцирате местото каде брка и му зафрлите мамец, без многу размислување тој ќе го голтне.

Понекогаш во текот на ноќта, може да забележите и наслушнете и групна акција на сомовите и покрај тоа што во литературата не се познати по вакви групни акции на бркање на рибата. Доста рибари потврдуваат дека понекогаш биле сведоци како група на сомови опколуваат и напаѓаат на јато помали риби. Тогаш кога првиот ќе нападне, во акција тргнуваат и другите. Во такви ситуации, позади првиот фронт на сомови, користат и се приклучуваат и оние капиталците, кои не сакаат многу друштво, т.е друштвото не ги сака нив, затоа што доколку дојдат во позиција можат да проголтаат и некој од своите помали колеги. Ако преку ноќ неможете да го чуете сомот, тоа и немора да значи дека тој не е блиску. Како што кажуваат познавачите, ноќната замка за сомови треба да биде поблизу до површината, со цел доколку е жива риба со своето мрдање и вибрации на сомот да му сигнализира дека тука е неговиот плен. Мамката треба да биде на вашата трска, заврзана на одредена гранка која се надвиснува над водата, или пак на пуштете конец преку реката или езерото и чекајте. Доколку ловите на дно, ловете веднаш до самата обала на места каде теренот е таков што од длабочина или дупка преоѓа кон поплитко место.

Коментари

avatar Vasko
+1
 
 
Otidov ja po riba so opremata za nurkanje. Ako go vidam somot, ke go pozdravam :)
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar Aleksandar
0
 
 
prvo i osnovno treba da go zastitime od razni ribokradci koj so svojata nurkacka oprema go tamanat po dolz celiot Vardar ,jas so svoi oci imam videno kako se faka i 500kg somovi so sekakva golemina ,a koga tie ke pominat, zastani na mestata i slusaj i cela godina ako sakas i cekaj dali ke goni somot STO ZNAES MOZEBI NEKOJ IMAL SREKA DA OSTANE ZIV
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar didi
-1
 
 
nema vrskaka nisto ot toa so go kaza e ta
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar trajko
0
 
 
somot u vardar e istreben od ribokratci.
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
avatar vardar
+1
 
 
unisten do toj stepen sto treba da stane zastiten vid vo drzavata
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
Откажи
Име *
Код   
ChronoComments by Joomla Professional Solutions
Прати коментар
 
forum

 

MKD-RIBAR

Fisherman handmade wobbler katalog copy

karpologija
Weather data OK
Skopje
32 °C
Биди дел од Рибар
Рандом рибарка
Facebook
 

 

 
Посети

Присутни во моментов: 19
Јул 29, 2014