www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Maј 18, 2024 12:11 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 4:57 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
-По многуте договарања припремање место од предходно, решивме да тргнеме ден пред отворањето на езеродо Подлес. Саботата сабајлето уште во мракот Мартин и Максим беа веке кај мене да ме соберат и правец на езерото спремни тип топ.
[ img ]

-Мартин како и увек спремен, со кантите поликолор полни бојли спод миксови , немаше да се мрдне во сеат леонот крцаше до горе полн. Стасавме околу 5 часот одма растоварање , монтирање на шатори столици , кој фрла спод микс кој средува камп , за брзо време бевме наместени. Правец трските во вода, езерото мирно рипка не скока параболици на позиција , и за 1час го даде одма првиот удар на Мартин борбено крапче од 1.5 кг.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Одма се знаеше дека ова е од нашите крапови , што езерото беше порибено пред пола месец, неискусен просто удираше на све.
-Јас го имав вториот удар , крапот калап ист ко на Мартин , и почна голема серија да се редат све исти такви, ние бевме убедени дека езерото држи и крап староседелец, па на него и највеке се надевавме.
[ img ]

[ img ]
[ img ]

Земав столот и одма до вода сакав чисто да видам сто риба ке излага на тапа, и само што фрлив тапата во вода почнаа да се редат мали карасчинја , но јас не спремен на голема риба стегнат амортизерот заборавен, тука го имав и првото киненје од риба, сигурно беше од нашите модели. Бевме изненадени од таа килажа на крап да е толку борбен. Тој ден сигурно излегоа 50 мали крапови , кој више не им текна да удрат во наредниот ден, имавме слабо удари. Има бела риба доста во езерото , караши , кленови дури и откривме дека има и попадика. Кај Максим на параболикот обесена 200грама попадика. Ни фали уште некој вид на риба (црвеноперка , плашка) но све со свое време .
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Максим ко и увек сакаше да фака во крш, па јас му го отстапив моето место , со ждрепката што ја влечевме кој која позиција да биде. Полека на Максим местото почна да работи многу убаво. Просто крапот го имаше насекаде и само пиштеа трски насекаде .
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Се штракнавме сите по еднаш со малите крапови , и више ни стана досадно , кој да иде да го зима апаратот па да слика , и правевме секундарно фати пушти.........
Кај Максим го даде и првиот староседелец што си е од езерото, рибата беше многу чудна како позлатена.
[ img ]

[ img ]

Дојде пладне , па со Максим решивме да се симнеме до доле до продавница да купиме некои намирници што ни фалеа , а Мартин сме го оставиле без вода па човекот да не дехидрира 2 часа мораше да го направи следново , во сред параболици :D :D
[ img ]

Еве мал дел од нашиот расфрлан камп немаше кој да го среди сите бевме фокусирани на параболиците и поплавени од удари тој ден.....
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Крапови на трска се вадат а Мартин плива гајле нема.......
Сликата на денот е оваа , бидејки ни стана досадно од малите крапови па решивме една слика да направиме и за на Мотика ајде Мартине влагај во КЕП хахахахха
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Малце крапот прета немирен е хахаха
[ img ]

[ img ]

[ img ]

Фати 5 часот и гледаме кола иде накај нас, тоа да ти бил поканетиод Кристијан од Кичево просто сите не изненади , човекот сам тргнал до Подлес , проста риболовна дрога тоа е хахха
Не губеше многу време Мартин на брзина му направи место до него и имаше позиција накај отворено езеро. Зема спотот и сето тоа изгледаше вака.......
[ img ]

Базата кампот каде што се припремаа подвези , бојли , врекички мрежички ПВА , сето тоа за поуспешен риболов.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Еве го и вториот староседелец од езерото повторно кај Максим на параболик....

[ img ]

Спремен како и секогаш оптегнат на столицата со бојлите околу него и неговите системи , вака ке јаде така ке јаде, на оваа трска ке удри таа трска ке удри , си ја знаеше работата дечкото.

Почна и припремата на колбасите , кои беа неизбежни на трпезата.
[ img ]

[ img ]

Како што гледате кој прв влага во зимскиот сон , Мартин ја завзема неговата позиција , абе и капиталци да му удираат кога спие мука нема. Со тапан чукај му не се буди..... не па сигнализатор да чуе :lol: :lol:
[ img ]

Уморот си го направи своето, по Мартин и јас си прилегнав но на едно уво спиев, Кристијан и Мартин лежат но ко на трње, секое бип летаат удолу по полјаната. Малце падна смеа со на Кико подвезите , демек крути му се ова она, ке направи бип и ке застане , така се дешаваше некаде 5-7 пати, подвез со термо бижур на него , на Козјачки начин подвези....
Вечерта имаше уште 3-4 риби све од мерените крапови ....
И сабајлето не разбуди Борис и компанија тие стасаа први кај нас , се видовме си поприкажавме , и они правец на позиција. Откако се наместија повторно сите кај нас во сенка беше некаде 7; 30 часот и кај Кико на отворенот едно јако БИИИИИИИИПППП просто не застанува , свингерот исправен со конецот рамно, Кико шпринт удоле да види што е , сите очекуваме од мерените крапови, гледаме зима конец ко лудо тргна накај брана, си викаме ааа ова е нешто поголемко, полека полека излезе крап од 7 кг прекрасен борец, со флеки на телото , којзнае со какви ли мрежи се борел кутриот од пред тоа , кога било езерото оставено на милост и немилост.
[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Тоа беше удар и молк за сите , си викаме природата оставила нешто големко да плива во ова езеро.

Се случи што се случи дента и сите повторно во кампот во сенка. Освен Влатко кој беше многу упорен и на јакото сонце си ловеше риба без никаков проблем....
[ img ]

Напомош дојдоа и Штипјани, компанија Славче , со што ни помогнаа да ги наместиме новите табли на влезот кај браната, со правилата на однесување.
По некое време дојде и нашиот прецедател Сашо и неговиот колега, полека полека сите се собравме на куп. Почнаа да се вртат скари , планови муабети , еве го зоки -уши со скарата
[ img ]

[ img ]
Се очекуваа и повише луѓе да дојдат , но кој со својата обврска и кој колку можел.
Сите ги пречекавме па и ги испративме, ние останавме последни дур се спакуваме почна да не стемнува а како последно ни беа трските да ги извадивме од вода. И кога од еднаш во на Максим кршот имаше навистина страотен удар, ја подигна трската , успеа да го задржи крапот некаде околу 10 секунди и конецот пукна, веке крапот имаше тргнато накај канал, сигурно беше над 10+ . Ете тоа е момци од нашиот дводневен излет на езерото Подлеж , се надевам ке има и поголеми пампањи на тоа езеро и ке биде посетувано, од доста риболовци.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:11 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
немам што да кажам и да додадам освен еден голем поздрав до сите и да ви лјубоморам на убавата дружба што сте ја имале.
Јас неможев да дојдам и знаев дека ке пропуштам интерсно дружење

голем поздрав и големо браво до сите

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:17 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 13, 2010 9:30 am
МислењаCOLON9475
Prekrasna reportaza,alal da vie

_________________
Rodjen da peca,Nateran da radi


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:21 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
super ribolovno druzenje so site nishani bravo pozzzz

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:22 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Aпр 14, 2012 12:50 pm
МислењаCOLON2299
ЛокацијаCOLONНа секоја локација,ха ха ха
Браво бе другарчиња , така треба сте имале добар викенд имало и риба , и сенка , скара и бањање мислам дека убаво сте поминале. поздрав.

_________________
Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,

Fishing is my lifestyle,my passion,my life.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:24 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
кирца од мене честитки за живците да ја наредиш репортажава со толку слики, мислам дека досега немало толкава репортажа....си го пропуштил моментот со копањето на дупки за знаците, мешањето малтер и циментирањето на 40 степени....следниот пат вие ќе копате, ние ќе фаќаме :D


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:28 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
Boris -ribar.com.mk НапишиCOLON
кирца од мене честитки за живците да ја наредиш репортажава со толку слики, мислам дека досега немало толкава репортажа
:o nad 50 gi ima haaaaa nekoji i po dva pati :lol:
se gleda deka kirca bil pod silni inpresii dodeka ja montiral ;)
top provod nema shto :!:

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:30 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Nesto dodavav kaj sto sum ispustil , i sum pisal i po 2 pati hehe . Inace od ezeroto bev prezadovolen , se nadevam ke bide poseteno od nasa strana za da se soberat povtorno pari za sledno poribuvanje pozdrav do site.


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:36 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONНед Jул 17, 2011 3:12 pm
МислењаCOLON35
mnogu ubava reportaza , interesno ezero i ute pointeresni krapovi ako se cuva ezeroto kako so treba za nekolku godini ke vrie od kapitalci samo napred prodolzete:)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONСре Jул 04, 2012 5:42 pm 
Отсутен
RIP
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Ное 02, 2010 4:56 pm
МислењаCOLON2186
ЛокацијаCOLONСкопје
Екстра провод.



А и овие староседелциве не изгледаат неухрането (на рибата се мисли :D )

[ img ]

Значи сепак езерото си има природна храна, кога би можеле
ракчиња и школки да донесеме и да се прилагодат, и по некоја плашка
за кленко, би било супер.

_________________
[ img ]


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [� теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 13 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum