Мушичарска репортажа 3 - Конечно на Радика

Мушичарска репортажа 3 - Конечно на Радика

После лига, ЈПК, спинот т.е. неколку потрошени викенди, конечно дојде време да се тркне до Радика.
Јас и Емил од Струга, Цакуле од Скопје, се најдовме на Радика. Надолу Радика се уште е доста брза и големка и нема услови за одење како што знаеме да ја “шетаме“. Сабајлето со Емил пофрлавме малку доле, фативме по неколку рипчиња, па се префрливме во горниот дел каде што се најдовме со Цакуле и таму ловевме до ручек. Излегоа доста парчиња, по 20-30 од човек, меѓутоа горе се генерално све поситни. Најголемите што излегоа беа 30-35 см. Како ќе се намалува водата, ќе се лови надолу каде што се поголемите примероци. Убаво беше што на реката немаше многу луѓе и ги немаше редовните штеточини што собираат маломерни риби.
Попладнето почна да врне, пофаќавме малку и на дожд надолу, Емил откачи една убава, па почна да врне посилно и бевме приморани да напуштиме терен.
Здравје, следниот викенд со нови сили. Бистро!

Прегледано 664 пати

ПРИЈАТЕЛИ

Bistro logo  spin fly     Untitled    pastrmka  bistroinspekcija